Сигурно сте се прашувале како се прави Милка, тој фантастичен вкус кој остава без здив! Ова е рецепт по кој можете да направите Милка торта за само половина час.
Потребни состојки: 1 литар млеко, 10 лажици шеќер, 3 пудинзи од ванила, 300 г млечно Милка чоколадо, 100 г бело милка чоколадо, 500 мл слатка павлака, околу 200 г плазма бисквити или колку што е големо дното на калапот, за основа на тортата
Постапка: 200 мл млеко искористите за да го разматите пудингот и шеќерот. Остатокот од млекото (800 мл) ставете го на оган, па кога ќе зоврие додајте го разматениот пудинг и шеќерот. Намалете ја температурата и мешајте постојано додека да се свари пудингот и да згусне.
Врелата смеса веднаш поделете ја на две половини, па во едниот дел ставете го белото, а во другиот млечното чоколадо и мешајте додека да се растопат и да се соединат. Во посебен сад измиксирајте ја слатката павлака додека да добиете убав цврст шлаг.
Од добиениот шлаг половина тргнете на страна, а по четвртина ставете во двете смеси (белата и кафеавата), па промешајте додека да се инкорпорира во кремот мешајќи внимателно за да остане смесата воздушеста и мазна.
Во тркалазен калап за торти обложен со кеса или проѕирна фолија (и дното и страните) излијте го белиот крем и половина од кафеавиот крем, а за да ги добие карактеристичните „милка“ дамки, наизменично ставајте со лажица од белата и кафеавата смеса.
Врз смесата од пудингот рамномерно распоредете го остатокот од слатката павлака (половината која остана), израмнете, па одозгора нанесете го и остатокот го кафеавиот крем. На крај остануваат само уште да се наредат кексите, кои откако ќе се преврти тортата, ќе станат нејзина основа.
Кексите една по една кратко потопувајте ги во млеко и редете ги врз кремот од пудинг. Пополнувајте ги и празнините, така да се покрие целата површина. Затворете ги краевите и со помош на кесата покријте ја целата торта. Оставете ја во фрижидер неколку часа да се стегне.
Извадете ја, отстранете ја фолијата/кесата, ставете одозгора чинија за послужување и превртете ја тортата. Отстранете го обрачот и вашата Милка торта е спремна за послужување. На ваква убава торта воопшто не и потребна дополнителна декорација.
II РЕЦЕПТ Најубавата МИЛКА ТОРТА
Состојки за една кора (потребни се 4 кори): 6 белки, 6 лажици шеќер, 100 г мелени ореви, 1 лажица брашно. ФИЛ 1: 12 жолчки, 200 г шеќер, 3 лажици брашно, 3 кесички пудинг од ванила, 1 литар млеко, 400 г Noisette милка чоколадо, 250 г путер/ маргарин.
ФИЛ 2: 12 жолчки, 200 г шеќер, 3 лажици брашно, 3 пудинзи од ванила, 1 литар млеко, 400 г бела милка, 250 г путер/маргарин. И уште: 750 г крем шлаг и 750 мл вода
Постапка за приготвување на кората: загрејте ја рерната на 200 степени. Подгответе тавче 40х33 см (големиот плех од рерната) и ставете хартија за печење. Во една чинија измешајте мелени ореви и брашно. Белките и шеќерот изматете ги во цврст снег.
Оставете го миксерот на страна и додајте ореви и брашно. Измашјте рачно. Смесата истурете ја во плехот, израмнете и печете во претходно загреана рерна на 200 степени 15 минути. Не ги мијте перките од миксерот.
Жолчките од првата и втората кора ставете ги во една чинија, поклопете со нешто и ставете ги во фрижидер. Истото направете го и со жолчките и од третата и четвртата кора.
На истиот начин пригответе уште три кори. И кога ќе завршите со приготвувањето на четвртата кора, не мора да ги миете перките туку искористете ги за приготвување на филот.
За ФИЛ 1: жолчките со шеќерот изматете ги пенесто, додајте брашно и пудинг и малку по малку млеко (околу 300 мл) да се добие смеса без грутчиња. Остатокот од млекото ставете го во тенџере со 100 г шеќер. Кога млекото ќе проврие, сварете го филот со намалена температура и постојано мешање додека да згусне.
Во врелиот фил додајте ја Noisette милка чоколадата искршена на коцки и мешајте додека да се растопи. Оставете го филот добро да излади.
За ФИЛ 2: жолчките со шеќерот изматете ги пенасто, додајте брашно и пудинг и малку по малку млеко (околу 300 мл) да се добие смеса без грутчиња. Остатокот од млекото ставете го во тенџере со 100 г шеќер. Кога млекото ќе проврие, сварете го филот со намалена температура и постојано мешање додека да згусне.
Во врелиот фил додајте ја белата милка чоколада искршена на коцки и мешајте додека да се растопи. Оставете го филот добро да излади. После вториот фил измијте ги перките од миксерот.
Кога двата фила добро ќе изладат изматете крем шлаг со вода и оставете го на страна. Не ги мијте перките, туку продолжете со матење на путерот додека и тој да стане пенаст. Пригответе два сада и во секој ставете по 250 г путер/маргарин.
Пенасто изматете. Во првиот сад додајте го филот со бела милка и добро соединете. Го добивте филот 2. Истото направете го и со кафеавиот фил 1.
Начин на филување: Кора – фил 1 – фил 2 – шлаг; Кора – фил 1 – фил 2 – шлаг; Кора – фил 1 – фил 2 – шлаг; Кора – шлаг / Сооlinarika.сom