Калинката поседува моќни хранливи состојки, а три вида антиоксиданти: танини, антоцијанини и елагинска киселина, се причината поради која екстрактот од калинка е толку ефикасен кога станува збор за дето-кс и „поправки“ на ош тетените делови од кожата причинети од ш тетното влијание на УВ зраците.

Калинката е еден од најдобрите пријатели на женската кожа, бидејќи има одлично дејство против стареењето, ја подобрува текстурата на кожата, но и поттикнува производство на колаген и еластин.

Токму поради ваквото дејство калинката стана неизбежна активна состојка во козметичките формули за нега на зрелата кожа. Последните години е вбројана во категоријата „суперхрана“, бидејќи се утврдило дека ова овошје е многу делотворно за целокупното здравје.

Поддршка на имунолошкиот систем

Калинката е донесена од далечната Персија, бидејќи уште одамна била позната по своите лековити својства, но и одличниот ефект врз убавината на кожата. затоа калинката се смета за симбол на просперитетот и бериќет во голем број култури ширум светот.

калинка

Ценета е не само како важен извор на храна (калинките биле задолжително овошје во палатата на фараонот), туку се користела и во медицински цели. Ова денес го потврдуваат современите научни студии кои покажуваат дека ова црвено овошје или „јаболко со семки“ со своите сочни бобинки е богато со обилство на здравствени благодети.

калинка

Разни студии укажуваат на тоа дека сокот од калинка помага во поддршката на имунолошкиот систем и поттикнува здрава циркулација на кр-вта, го контролира лошиот холестерол, ги одржува чисти артериите без плаки и масни наслаги, го намалува ризикот од срцеви болести, срцев у дар и мозочен у дар, како и ризик од појава на одредени карциноми.

ЈА „ПОПРАВА“ ОШ ТЕТЕНАТА КОЖА

Калинката е моќно овошје богато со полифеноли како што се: антоцијанини, елагична киселина и многу други билни полифеноли. Овие состојки се причината поради која екстрактот од калинка е толку ефикасен кога станува збор за дето-кс на кожата и да ги поправи ош тетувањата причинети од слободните радикали.

Истовремено, успешно ја обновува и „поправа“ ош тетената кожа од на пример, УВ зрачењето. Антоцијанините во калинката делуваат слично како витаминот Ц во цитрусното овошје – благотворно делува врз кожата.

БОГАТ Е СО АНТИОКСИДАНТИ

Не само што содржи околу 48% од дневните потреби за витамин Ц, туку содржи и други антиоксиданти како што се антоцијанините, елагичната киселина и танините. Со сите овие антиоксиданти калинката добива улога на блокатор на ош тетувањата на кожата од слободните радикали, што е една од сериозните причини за стареењето.

Поради ова, не се изненадувајте доколку лекарите ви препорачаат секојдневно да пиете по една чаша сок од калинка.

РЕГЕНЕРАЦИЈА НА КЛЕТКИТЕ

Калинката помага во заштитата на епидермисот (надворешниот слој на кожата) и помага во обновување на клетките на кожата во епидермисот и дермисот (внатрешен слој), зголемувајќи ја циркулацијата и заздравувањето на кожата. Исто така, помага при обновување на ткивата и заздравување на ра-ните.

Заштитните соединенија што ги содржи калинка ја штитат кожата од ош тетувањето предизвикано од слободните радикали, помагаат во спречување на рак на кожата, ги ублажуваат из-горениците и ги намалуваат знаците од ош тетување предизвикано од сонцето.

СПРЕЧУВА ПРЕДВРЕМЕНО СТАРЕЕЊЕ

Калинката ја штити кожата од предвремено стареење – помага да се намали појавата на знаци на стареење на кожата предизвикани од ош тетување и изложување на сонце, како што се брчките и фините линии.

сок од калинка

Исто така, делува и врз процесот на спречување на хиперпигментација и појава на старечки дамки. Од друга страна, калинката делува на младата кожа исто така делува, со одржување и омекнување на мазната и цврста кожа стимулирајќи го производството на колаген и еластин.

Ефект според типот на кожата

Дермокозметичките истражувања покажаа дека калинката е одлична состојка за нега на сувата кожа, бидејќи нејзината мала молекуларна структура овозможува длабока пене-трација во кожата. Всушност, калинката е ефикасна за повеќето типови на кожа, но зависи од состојките за нега со кои се комбинира калинка.

Бидејќи маслото од калинка продира длабоко во кожата, ефикасно е за нега на сува кожа. Ефикасно ја смирува сувата, испукана и иритирана кожа бидејќи содржи пунична киселина, омега 5 масна киселина која хидрира и спречува губење на влага.

Маслото од калинка делува дури и на комбинирана / масна кожа, а употребата на калинка се препорачува и за нега на кожа склона кон акни, во бор-ба против мозолчиња, намалување на лузните и ублажување на ситни иритации.

Препаратите на база калинка искористувајте ги што побрзо

Алергија / иритација на кожата од есенција од калинка е можна, но ретка. Тоа се случува во случаи кога, на пример, не знаете дека сте алергични. Она што е клучно и на што треба да обратите внимание е дека полифенолите (особено антоцијанините) кои се наоѓаат во калинка брзо оксидираат во вода.

Ако користите производ со екстракт од калинка, лекарите предлагаат да не го оставате на полицата предолго, отворен и заборавен, бидејќи на тој начин нема да ја добиете најмоќната верзија на производот. Потрошете го производот веднаш штом ќе го отворите.