Жалфијата е билка позната во традиционалната медицина уште од најстари времиња. Нејзиното латинско име, Salvia officinalis во превод значи „нешто да се спаси и излечи“.

За кои состојби се користи жалфијата?

Уште од најстари времиња оваа билка ја користеле старите Римјани за лекување на различни болести.

Сè до откривањето на антибиотиците, чајот од жалфија луѓето го користеле при воспаление на грлото, малаксаност, воспалувања кај внатрешните органи, за ваги- нални испирања, за габични инфекции.

Од медицинска смисла, жалфијата се смета за антибиотик со широк спектар.

Се применува и за регулирање на потењето за време на менопауза, при пореметувања во месечниот циклус, за зајакнување на нервите, за прочистување на црниот дроб и при ревматски заболувања.

Листовите од жалфија се употребуваат за чистење на забите и гингивата, а денес речиси во секоја паста за заби се додава екстракт од жалфија. Оваа билка се употребува и како зачин.

Има влијание и на процесот на варење на храната и излачувањето на жолчниот сок. Се користи за намалување на лачењето на плунка при Паркинсонова болест.

Доилките кои сакаат да престанат со доењето треба да ја употребуваат секојдневно за да им се намали продукцијата на млеко. Жалфијата се употребува и за релаксација, при неpвоза, напнатост и вртоглавица.

Се применува и при намален имунитет, нервна исцрпеност како и при слаба меморија и концентрација. Жалфијата се наоѓа и како состојка во кремите против различни инфекции на кожата и во шампоните против првут.

На кој начин делува жалфијата?

Жалфијата делува антисептично, па затоа се применува за испирање на грлото при воспаление на грлото и при афти.

Таа делува и спазмолитично и антимикробно, се употребува за инхалации кај астматичари, при бронхитис, но и кај инфекции на дишните патишта.

Го намалува потењето и излачувањето на плунка. Жалфијата е природен конзерванс затоа што делува и антимикробно. Благодарение на својството да го спречува развојот на вирусите, се применува и во мастите против херпес.

Делува и адстригентно, па затоа се применува и надворешно за спречување на кpвавењето на paните, но и за дезинфекција на paната.

Во кој случај не смее да се користи жалфијата?

Жалфијата не смеат да ја употребуваат бремени жени, доилки и епилептичари. Долготрајната интерна употреба може да ја зголеми склоноста на конвулзии предизвикани од нејзината состојка тујон кој е невроток-сичен.

Со кои лекови не смее истовремено да се применува жалфијата? Теоретски не се препорачува употреба на жалфијата со антиконвулзивите. / Автор: д-р. Кристина И. Стојаноска Алоска. / Доктори.мк

Освен лековитите, познати се и зачинските својства на жалфијата. Напитокот од оваа ароматична билка, старите народи го пиеле со масни и тешки оброци, а листот од жалфија често го користеле во кујната.

Денес како зачин најмногу е застапена во медитеранските земји, но се користи и ширум светот.

Се користат најчесто свежи листови, но и суви а потоа здробени во прав или сомелени. Имаат пријатен мирис и слаткогорчлив вкус. Првенствено се додаваат во масна храна, во јадења од овчо месо, јагнешко, свинско и гускино месо, месни преработки.

Жалфијата се додава и во јадења со домати, тестенини, а може да се ароматизира масло за салати или за готвење. Посебен вкус и арома му дава на јогуртот и на деликатесните сирења.

Лековито вино со жалфија

Се приготвува од 1 литар бело вино, 100 г лист од жалфија и две лажици мед. Сите состојки се мешаат во стаклена тегла со херметички капак, со повремено мешање да отстои 10 дена.

На крај се процедува и секојдневно се пие по една мала чашка за подобрување на дигестијата.

Зачински оцет со жалфија

Во тегла со херметички капак ставете 1 литар винска киселина, 3-4 гранчиња жалфија во цвет па оставете 20 дена, со повремено промешување. Процедете и користете како зачин.

Сируп од жалфија против настинки

Станува збор за сируп од лековитата жалфија кој е многу ефикасен при лекувањето на настинки и грип.

Како се прави овој сируп?

Сварете чај од 40 грама жалфија и 600 мл вода. Оставете поклопено неколку минути, па процедете. После тоа, на тивок оган истопете 300 г шеќер. Полека истурете го чајот во карамелот и мешајте со дрвена лажица додека шеќерот сосем да се растопи.

Оставете сирупот да се излади. Преточете го во стаклен сад и чувајте во фрижидер. Се пие растворено во млак чај или млеко (по 1-2 супени лажица во една чаша напиток).

Меден сируп против кашлица со жалфија

Кашлицата кај децата, но и кај возрасните, може да биде многу упорна и досадна и да трае многу долго. Кога се децата во прашање, главно купуваме сирупи на билна база, но најдобро е да ги приготвиме сами.

РЕЦЕПТ: За приготвување на сирупот против кашлица ви се потребни следниве состојки:

Потребни состојки: 200 мл мед, 2 супени лажици лимонов сок, 1 полна лажица сува жалфија

Постапка: Измешајте ги сите состојки во еден сад со капак. Садот ставете го врз друг, поголем, исполнет со зовриена вода. Оставете горната смеса добро да се загрее на пареата.

Кога ќе биде загреана, тргнете го огнот (од водената пареа) и завиткајте го садот во ќебе, или на топло, да отстои уште 20-тина минути. Процедете и складирајте во чиста стаклена тегла или шише.