Јаболкото е едно од најраспространетите и најздравото растение во светот. Поради својата мала енергетска вредност, тоа е одлично овошје за оние кои внимаваат на својата линија. Богато е со витамини, минерали и многу други корисни материи како што се: протеини, влакна, растителни масти.

Содржи и витамини (А, Б, Ц), железо, есенцијални масла, калиум, калциум, каротен, магнезиум, натриум, олиго елементи, органски киселини, пектин, протеини, сулфур, флуор, фосфор, хлор, целулоза, јаглехидрати, шеќер (фруктоза и глукоза).

Најдобро е да се јаде свежо јаболко затоа што е најбогато со корисни состојки, иако и преработено има лековити материи. Свежото јаболко е добар антиоксиданс и делува превентивно против бактериите и вирусите.

Корисните ефекти на ова растение се познати со векови низ целиот свет. Може да помогне во лекување на многу болести и заболувања, како што се: авитаминоза, алергии, ангина пекторис, атеросклероза, дигестивни проблеми, болести на желудник, заби, грло, настинки, грип, кашлица, бронхитис, заразни болести, нарушувања на кр-вниот притисок.

Помага во спречување на срцев у дар, подуеност, запек, отежнато мокрење, остеопороза, висок холестерол, тромбоза, проблеми со циркулацијата, замор, нервоза, губење на волја, концентрација и апетит, дебелина, намален имунитет, некои видови на рак.

Јаболкото го штити здравјето на срцето. Една од најважните здравствени придобивки на јаболката е нивниот ефект врз срцето. Влакната со кои се богати јаболката го намалуваат нивото на лош холестерол, што го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Покрај тоа, јаболката спречува затнување на артериите, со што се намалува ризикот од срцев у дар.

Превенција од астма

Една од најголемите придобивки на јаболката е тоа што содржат флавоноиди. Оваа хранлива материја е добро позната по спречување на на-пади на астма. Покрај тоа, флавоноидите играат многу важна улога во зајакнување на капацитетот на белите дробови.

Некои истражувања покажуваат дека луѓето кои редовно консумираат јаболка имаат подобра функција на белите дробови од другите.

Го чисти црниот дроб

Ова сочно овошје има корисен ефект врз здравјето на црниот дроб и му помага да се ослободи од ток-сините.

Содржи значителни антиоксиданти

Иако повеќето овошја и зеленчуци содржат антиоксиданти, јаболката содржат еден од најважните видови – кверцетин, кој ги намалува штет-ните ефекти на слободните радикали, го зајакнува имунитетот и спречува појава на бројни болести.

Го одржува здравјето на очите

Бидејќи се богати со антиоксиданти, јаболкото може да спречи појава на катаракта. Тие се богати со растителни влакна. Јаболката се одличен извор на влакна, па затоа помагаат во правилното функционирање на дигестивниот систем. Покрај тоа, влакната можат да го регулираат апетитот и да ве одржат сити подолго време.

Ја зголемува издржливоста

Ако сакате да ја зголемите издржливоста, јадете јаболко пред тренинг. Јаболкото го зголемува протокот на кислород до белите дробови, така ќе можете да вежбате подолго и полесно.

Помага против запек

Освен што се богати со витамин Ц, Јаболката се преполни и со корисни видови шеќер кои му се потребни на нашето тело, особено наутро кога му е најпотребна дополнителна енергија. Јаболката исто така, се преполни со и со диетални влакна кои се квалификувани како природен лаксатив. Поточно, содржат пектин кој ја стимулира работата на цревата.

Помага при слабеење

Веројатно сте слушнале дека луѓето кои се грижат за својата исхрана земаат еден или повеќе помали оброци во текот на денот. Јаболкото се брои како еден оброк, а особено е корисно наутро кога може да го забрза сла-беењето. Кога сте гладни, јадете јаболко наместо чоколадо или чипс.

Што лечи јаболковиот оцет?

Јаболков оцет лечи артритис, остеопороза, срцеви заболувања, болести на кр-вните садови, висок холестерол, б олки во грлото, проширени вени, проблеми со варењето на храната, лош здив, акни, дебелина.

Рецепти 

I Рецепт: Сок од јаболко и морков

Потребни состојки: 3 кг излупени јаболка, 1 кг моркови, 1 кг шеќер, 10 л вода.

Подготовка: исечете го исчистениот морков и ставете го во тенџере, ставете вода, така што водата ќе го покрие морковот. Поклопете и варете додека да омекне. Некаде на половина од готвењето започнете да ги подготвувате јаболката. Излупете ги и ставете ги во поголемо тенџере.

Додека морковот е полуварен, ставете го во тенџерето со јаболка, бидејќи на нив им е потребно помалку време за готвење. Додајте ја и водата во која се варел морковот. Гответе додека да омекнат и оставете да се излади. Процедете ги јаболката и морковот и па сомелете ги заедно во блендер додека да добиете кашеста смеса. По потреба додајте од течноста во која се вареа.

Преостаната течност прелијте ја во некое поголемо тенџере, додајте ја кашата од измешаните јаболка и моркови, додајте 10 л вода и 1 кг шеќер, па вратете го садот на шпоретот и оставете да зоврие.

Откога ќе зоврие, варете уште 15 минути, отстранувајќи ја пената. Потоа тргнете го садот од оган и претурете во загреани стаклени шишиња и веднаш затворете со оригиналниот затворач. Наредете ги шишињата во кутија и завиткајте ги во ќебе. Кога целосно се излади сокот, префрлете го и чувајте го на поладно место.

II Рецепт: Во сокот од јаболко го додала овој зачин: за 30 дена сите алишта и биле големи

Повеќето луѓе кои го пробале овој сок се задоволни со резултатите, но една жена одлучила јавно да го открие своето искуство и точниот рецепт кој го користела, бидејќи за еден месец осла-бела и „се преполовила.“

„Повеќето алишта сега ми се големи, но јас сум пресреќна – открива жената и дава точни мерки на состојките.”

Потребни состојки: 240 мл превриена/дестилирана/изворска вода, 1 лажица чист сок од јаболко, 1 лажичка чили во прав, 1 лимон непрскан (сок и кора), доколку е купечки убаво истретирајте го со сода бикарбона.

Постапка: „Излупете го лимонот и преку кората прелијте зовриена вода. После 10 минути додајте го сокот од лимон, сокот од јаболко и чили во прав. Пред секоја голтка добро промешајте и пијте пред секој оброк,“ – вели жената.

Како делува овој напиток:

Познато е и научно е докажано дека лутата пиперка го забрзува метаболизмот и на тој начин се стимулира согорувањето на мастите во телото. Поради капсаицинот кој го содржат чили пиперките, доаѓа до стимулирање на нервниот систем, телото се загрева и на тој начин повеќе се согоруваат калориите.

Поликосанолот од кората на лимонот помага во согорувањето на салото, а својствата на лимоновиот сок за метаболизмот се познати, додека сокот од јаболко помага во разложување на мастите во организмот.

III Рецепт: Лек за запек (опстипација) Во чаша млеко ставете малку јаболкова киселина: Ниедно апче нема побрзо и подобро да ви помогне.

Ако ви е потребно брзо и лесно решение против запек и за забрзување на метаболизмот, ова е одличното решение. Обично се применува кога 2, 3 или повеќе денови не се испразниле цревата, па потребно е итно да се испровоцира перисталтиката и да се придвижат цревата.

Потребни состојки: ½ чаша свежо млеко, 2 лажици јаболкова киселина, 2 лажици топла вода.

Постапка: Измешајте две лажици јаболкова киселина со две лажици топла вода. Оваа смеса додајте ја во половина чаша свежо млеко. Се пие наутро на празен стомак и се повторува се додека имате потреба за тоа. Оние што се интолерантни на млеко, едноставно нека се напијат топла вода во која претходно додале лажица јаболкова киселина.

Јаболковата киселина не само што ќе ви помогне против запекот, туку во целост ќе го подобри и вашиот метаболизам. А тоа секако, ќе помогне и да се ослободите од вишокот килограми.

Ова овошје треба да се јаде секој ден пред да појадувате, ручате, вечерате…Јадењето на едно јаболко во денот помага да останете здрави, а три можат да ви помогнат да ги изгубите вишокот килограми. Со држењето диета со јаболка, секоја седмица, вашето тело ќе биде полесно за по еден килограм.

Диетата ја осмислила американската нутриционистка Тами Флин, а истата подразбира пред појадок, ручек и вечера, да изедете по едно јаболко. Не смеете да го јадете јаболкото после оброк, ниту непосредно пред оброк, туку 15-20 минути пред јадењето.

На овој начин ќе го зголемите чувството на ситост и за време на оброкот во организмот ќе внесете помала количина на храна. Со други зборови, на некој начин ќе го измамите сопственото тело со тоа што ќе му обезбедите витамини, минерали и влакна, па за време на оброкот нема бидете толку гладни.

Кога јадете јаболка вие во телото внесувате многу важни минерали како што се калциумот, калиумот и фосфорот. Овие минерали му се потребни на телото за извршување на различни функции, како што се зајакнување на коските (калциум), изградба на мускули (калиум) и исфрлање на непотребните продукти ( фосфор). / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска