I рецепт: Домашен сируп кој во истиот момент делува и ги лекува болестите
Куркумата, ѓумбирот и медот се едни од најмоќните природни лекови кои го зајакнуваат имунитетот и ги одбиваат болестите, а освен што имаат лековити својства, тие се привлечни и поради нивниот вкус.
Свежата куркума не е достапна на секој чекор како што е случај со сувата во прав, но сепак може да се купи во некои од подобро снабдените продавници за здрава храна. Се препорачува да се консумира во комбинација со пиперка, за уште поголема стимулација на нејзиното дејство.
За да направите домашна „магична напивка“ за здравје, ќе ви требаат неколку портокали, лимони, јаболков оцет, ѓумбир, куркума, пиперка. Сирупот се комбинира со вода или чај за утринско консумирање, а се чува во фрижидер.
Потребни состојки: 2 мали чаши квалитетен мед, корен од ѓумбир, корен од куркума, 1 лажица куркума во прав, 1 лимон, 1 портокал, 1/3 чаша јаболков оцет, 1 пиперка.
Подготовка: Измијте ги добро лимонот и портокалот, исцедете ги (заедно со кората доколку се органски) и изрендајте ги куркумата и ѓумбирот. Истурете јаболков оцет во подлабок сад и измешајте го со сокот од лимон и портокал.
Изрендајте ја кората од лимон и портокал, а потоа додајте ја во смесата заедно со останатите состојки и добро измешајте. Оставете ја смесата во фрижидер преку ноќ, а потоа процедете ја следниот ден, мешајќи да се одделат сите големи парчиња.
Се консумира така што се додава 1 супена лажица од смесата во незасладен чај или чаша вода наутро на гладен стомак. Доколку сирупот го комбинирате со чај, обратете внимание чајот да е изладен за да ги искористите придобивките на медот.
II рецепт Исклучително здрав напиток: Се подготвува за 5 минути, а е вистинска „бомба“ за имунитетот
Овој пијалак е богат со витамини и има многу корисен ефект врз целиот организам. Со цел да го зајакнете имунитетот, потребно е да водите грижа за доволен внес на витамини и минерали.
Исто така, можете да го зајакнете имунитетот и организмот со подготовка на домашни сокови од разни овошја и зеленчуци кои со сигурност ќе ги задоволат потребите на витамини и минерали. Ова е одличен напиток, кој освен што има корисен ефект врз организмот, има и одличен вкус.
Потребни состојки: 2 цитрони, 3 портокали, 2 лимони, 1-2 лажички мед.
Подготовка: Подготовката е прилично едноставна. Исцедете го овошјето во чаша и засладете го пијалокот со мед по желба. Доколку овошјата се органски, изблендирајте ја кората и додајте ја во сокот за уште поголемо дејство.
Овој напиток е полн со витамин Ц, кој е моќен сојузник на имунитетот. Исто така, содржи калиум, витамин А, витамин Б6, фолати и цинк, вредни хранливи состојки кои ќе му помагаат на организмот во борбата против вирусите и се важни сојузници дури и ако сакате да ги намалите вишокот килограми.
III рецепт Неверојатно моќна комбинација која го зајакнува целиот организам
Целерот го користеле Египјаните како лек, а истражувањата покажале дека овој зеленчук е навистина одлична храна и извор на голема количина витамини и минерали. Изобилува со витамини како К, Е, Ц и Б.
Богат е со калциум и фолна киселина и има силно диуретично дејство. Може да се јаде во сурова форма, но ако не сте љубител на вкусот на овој зеленчук, можете да направите и сок од него. И еве што велат науката и истражувањето. Зошто целерот е толку добар и зошто треба редовно да се наоѓа на вашето мени.
Може да го намали кр-вниот притисок
Целерот содржи фталид, соединение кое го намалува производството на стресни хормони, ги релаксира мускулите околу артериите и ја подобрува циркулацијата. Калиумот, кој се наоѓа во целерот, го стабилизира срцевиот ритам и го намалува кр-вниот притисок.
Го регулира нивото на холестерол
Бутилфталид, единственото соединение кое помага во одржување на нормалното ниво на холестерол и придонесува за добра функција на срцето.
Има корисен ефект врз варењето на храната
Целерот содржи соединение наречено НБП што ја подобрува циркулацијата на цревата и правилно варење на храната.
Помага при слабеење и го хидрира организмот
Целерот изобилува со вода и растителни влакна, содржи само 10 калории, што го прави совршен сојузник за витка линија.
Има корисен ефект врз имунитетот
Изобилството на витамин Ц го прави целерот и сокот од целер единствениот од најдобрите сојузници на силниот имунитет. Покрај витаминот Ц, супстанцијата кумарин е одговорна и за зачувување на одбраната на организмот.
Има корисен ефект врз кожата
Ако се борите со акни на лицето или имате проблеми со кожата, редовната консумација на сок од целер може да ви помогне во таа борба.
Подготовка на сокот: Може да користите само целер, но за подобар вкус, нутриционистите препорачуваат додавање краставица и едно зелено јаболко во соковник или блендер. Сите состојки се блендираат заедно, а потоа се пие една чаша наутро на празен стомак.
Во една пригода, познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека утрото го запопнува со овој напиток. Тој им откри на своите фанови дека сокот од целер е одговорен за неговото добро здравје и издржливост.
„Добро утро на сите. Јас вака го започнувам мојот ден. Прво пијам топла минерална вода со лимон и лимета, а по 15 минути правам свеж сок од целер. Ги ставам стебленцата од целер во соковник за ладно цедење и добивам магичен напиток.“ вели Новак.
“Овој сок е полн со витамини и минерали кои го чистат вашиот црн дроб. Прави чуда за организмот, а за мене, мојата сопруга и за нашите деца е првиот оброк после станување од кревет. Во текот на целиот ден сме полни со енергија. “ откри Новак. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска