Џемот од јаболка како лек е природно средство за подобрување на дигестијата, прочистување на кр-вта и зголемување на железото кај луѓе кои патат од анемија. Јаболковиот џем го јакне имунитетот и помага во регулација на шеќерот во кр-вта и работата на штитната жлезда.
Сите џемови се приготвуваат на сличен начин. Кога говориме за џем, станува збор за течна до средно густа смеса направена по пат на цедење, а потоа и готвење на сокот од јаболка, без додавање на дополнителен шеќер или некои други засладувачи (јаболката си содржат доволно сопствен шеќер).
Значи, природниот и чист џем/мармалад има најчесто темно бордо до црна боја. Може да биде сладок или киселкаст, во зависност од која сорта јаболка е цеден сокот, но она што е важно при приготвувањето на овој лековит џем/мармалад е тоа што плодовите мора да бидат зрели.
Се смета дека станува подобар колку што подолго стои, бидејќи на тој начин созрева. Не бара некое посебно складиштење, едноставно треба добро херметички се затвори и да се остави на некое темно место со константна температура, подалеку од извор на топлина.
ЏЕМ ОД ЈАБОЛКА КАКО ЛЕК – Џемот од јаболка како лек содржи висока концентрација на железо и Ц витамини, како и други витамини и минерали. Како таков, се препорачува во ле-кување на анемија. Постојат повеќе комбинации кои поттикнуваат подобра работа на поедини ор-гани и чистење на целиот организам.
Слаткиот пекмез од јаболка особено се препорачува кај неадекватна исхрана каде може да се користи за јакнење на организмот, наместо различни хемиски мултивитамински додатоци. Подеднакво е безбеден да го консумираат и деца и возрасни.
За да се добие киселкаст џем од јаболка се користат кисели, диви јаболка. Овој џем е исклучително значаен за дијабетичарите и луѓето кои имаат здравствени проблеми, бидејќи содржи минимална количина фруктоза. Со негова консумација се јакне кр-вната слика и имунолошкиот систем.
На тој начин се надополнуваат недостатоците од минерали и витамини во организмот на потполно природен и здрав начин. Еве кои се лековитите својства на џемот од јаболка и за кои здравствени состојби помага:
-за намалување на шеќерот во кр-вта, намалување на холестеролот и триглицеридите, за јакнење и подобрување на кр-вната слика, за намалување и ле-кување на кашлица, за надополнување на минерали и витамини во организмот, кај проблеми со црниот дроб, негово чистење и регенерација.
Џемот од јаболка го јакне имунитетот и помага во регулација на шеќерот во кр-вта и работата на штитната жлезда. Јаболкото содржи 80% вода, околу 10 до 12% јаглени хидрати, еден посто масти и белковини, а исто толку има и целулоза.
Во составот на јаболкото застапени се следните шеќери: глукоза, фруктоза и сахароза, како и органски киселини. Јаболкото во себе содржи и доста големи количини на витамин Ц и бета каротен, Б-комплекс, додека од минерали најмногу има калиум, фосфор и калциум.
РЕЦЕПТ ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА ЏЕМ ОД ЈАБОЛКА – Потребни ви се само јаболка, колку имате – толку. Од еден литар сок од јаболка се добива приближно околу 100-150 г џем, во зависност од тоа колку јабоката биле слатки или со која густина сакаме да ни биде џемот.
Постапката е многу едноставна. Јаболката измијте ги и отстранете ги црвливите и оштетени делови. Сомелете ги или исечкајте ги или изблендирајте ги. Исцедете од нив колку што можете повеќе сок (ако имате добар соковник, тогаш можеби најдобро е него да го искористите).
Добиениот ставете го во тенџере и гответе го на тивок оган, многу, многу долго. Повремено промешувајте, особено кога ќе започне да се згуснува и не дозволувајте многу да зоврие, зошто може да ви претече, но и ќе изгуби дел од хранливите состојки.
Исто така, потребно е повремено да се трга пената која се создава на површината. Се вари додека да се постигне густина на добар мед или дури и повеќе, но мене ми е најдобар кога е течен (со ладење ќе се згусне уште малку, па затоа е најдобро да се проба густината на чинија).
Проба: Извадете малку од темниот сируп на чинија (доста потемнува додека се готви) и треба полека да се разлева (како да гледаш успорен филм)… Е таквиот џем е најдобриот и тука треба да се заврши со готвењето. Оставете да се олади, па складирајте го во теглички и скријте ги на темно и ладно место…
Значи, од еден литар сок јаболка се добива околу 100-150 г џем, во зависност од тоа колку биле слатки јаболката или каква густина сакате да постигнете. Со оглед на тоа дека јас сакам малку потечен џем, имав доста задоволителен резултат.
Кога се прават големи количини, околу 100-тина и повеќе литри сок, тогаш најдобриот метод е да се сомелат јаболката во машина за мелење која е посебно за тоа наменета. Обично ваквите машини се користат за приготвување на јаболкова киселина и го цедат сокот од јаболката до последната капка.
Овој џем се пече од слатки и од кисели јаболка, а може да се приготвува и од круши. Џемот е многу скап ако го купувате, со оглед на времето и начинот на изработка, па така, за да добиете еден килограм џем, обично се потребни 10-тина литри јаболков сок.
Напомена – Во овој џем не се става ни трошка шеќер, без разлика дали се приготвува од слатки или кисели јаболка, бидејќи колку јаболката се послатки, толку и џемот е посладок, а од киселите јаболка излегува еднакво и киселакст џем од кој малку се “намигнува” додека се јаде ..
ЛЕК ЗА КАШЛИЦА. Џемот од јаболка се користи и кај кашлица така што една лажица џем се раствора во една чаша топла (врела) вода и се пие исто како чај. За оваа намена особено се препорачува џемот приготвен од кисели јаболка. /Бранка – Coolinarika.com