Несоница (инсомниа) е нарушување кое се манифестира со потешкотии во заспивање или одржување на сонот, кои влијаат на целокупното здравје и го афектираат квалитетот на секојдневниот живот. Несоницата е најчеста причина што води до поспаност преку денот, летаргија и општо чувство на немоќ.
Причините, симптомите и сериозноста на несоницата се индивидуални и можат да варираат. Меѓу најчестите причини за несоница се вбројуваат стресот и анксиозноста, одредени животни навики (работа во смени, консумирање ал-ко-хол, никотин и кофеин, обилни оброци).
Потоа, некои психијатриски состојби (депресија, шизофренија) и физички состојби (проблеми со срцето, долготрајна болка, уринарни инфекции, хипертиреоидизам), како и употребата на одредени лекови (антидепресиви, антиепилептици, бета-блокатори, стероиди).
Несоницата може да предизвика проблеми како што се замор, недостаток на енергија, потешкотии за концентрирање и задржување на вниманието како и иритабилност. Ефектите од несоницата може да влијаат на речиси секој аспект од вашиот живот.
Спиењето е едно од блаженствата достапно за сите. Но, за жал, сите на сите ни е позната непријатната ситуација кога се вртиме цела ноќ во креветот и гледаме во таванот, размислувајќи за минатото и иднината, сè додека зраците на зората не нè избркаат од креветот за да одиме да учиме или да работиме.
Зошто се јавува оваа непријатна состојба и како да се спречи? Прочитајте и ќе дознаете како да се надмине несоницата со едноставен препарат!
Најчести причини за несоница
Несоницата често се јавува под влијание на стрес, депресија, вознемиреност поради проблеми на работа и во семејството. Од овие причини мозокот не може да се релаксира, туку работи цело време поради тоа што ја асимилирате моменталната состојба или се грижите за иднината.
Различни лекови исто така, можат да предизвикаат несоница, особено срцеви, аналгетски и антиинфламаторни лекови. Сепак, некои од нив првично може да предизвикаат поспаност.
Колкаво количество сон ни е потребно или колку часа ни се доволни?
Спиењето е како полнење на батеријата на мобилниот телефон. За разлика од уредот што се полни за еден час, на нашето тело му требаат околу 8 часа за целосно полнење.
Колку повеќе спиеме, толку ќе бидеме попродуктивни во текот на денот. И додека многумина веруваат дека може да се надополнат пропуштените часови на спиење со шолја кафе, тоа не е така. Можеби ќе почувствувате краток наплив на енергија, но по некое време вашата состојба ќе се влоши и ќе доживеете нагло паѓање на енергијата!
Спречување на нарушувања на спиењето
Водете активен животен стил, но немојте да се заморувате. Обидете се да избегнете стресни ситуации. Ослободете се од лошите навики, изберете здрава храна, пијте билни чаеви.
Следете ги советите за добри условите за спиење: креветот треба да биде удобен, светлината да биде слаба, а воздухот да биде свеж и ладен. Неутрализирајте ги надворешните стимули со маска за спиење и затки за уши. Прошетајте пред спиење наместо да гледате ТВ или да седите на компјутер.
Безбеден лек за несоница
Ние сме навикнати да ги сметаме солта и шеќерот како непријатели на нашето тело и здравјето воопшто. Како и да е, тие ќе ви помогнат да заборавите на проблемите со спиењето! Само измешајте 1 лажиче морска сол (по можност розова, хималајска) со 5 лажички кафеав шеќер и ставете ½ лажиче од оваа мешавина под вашиот јазик секогаш кога не можете да заспиете.
Ќе спиете мирно цела ноќ и ќе се будите свежи и одморни. Имунолошкиот систем на вашето тело ќе биде зајакнат. Главоболката ќе исчезне, нивото на енергија, серотонинот и електролитите ќе се зголемат. Покрај тоа, оваа мешавина ве штити од стрес со намалување на нивото на кортизол.
Лесно е да се совлада несоницата: коригирајте ги вашите дневни навики, проветрете ја просторијата добро и спијте најмалку 8 часа. И, ако сепак не успеете – не двоумете се да го користите рецептот со сол и шеќер.