Секој барем еднаш во својот живот се соочил со непријатниот проблем – вртоглавицата, па сте морале да прилегнете бидејќи сте се чувствувале како целата соба да се врти пред ваши очи.
Вртоглавицата е непријатна, но многу честа појава што погодува многу луѓе. Имено, истражувањата покажуваат дека вртоглавицата барем еднаш во животот ја чувствуваат речиси 40% од луѓето постари од 40 години, а кај жените се појавува почесто отколку кај мажите.
Вртоглавицата не е болест, туку симптом што укажува на нарушување во работата на центарот за рамнотежа или некој друг здравствен проблем. Може да трае неколку минути, неколку часа, но и неколку дена. ”Активирањето” на вртоглавицата може да биде ненадејно станување од лежечка во седечка положба, ненадејни движења на главата, анемија, дехидрираност или низок кр-вен притисок.
Исто така, може да биде предизвикано од проблеми со ‘рбетот, увото или синусни инфекции. Во некои случаи, вртоглавицата може да биде показател за некои посериозни проблеми, како што се повреди на главата и вратот, мозочен у дар или ту-мори на мозок. Ако вртоглавицата е придружена со симптоми како што се чувство на притисок во градите, силна главоболка, гадење или говорни проблеми, задолжително посетете лекар.
Природни лекови за вртоглавица
Доколку ненадејно ви се појави вртоглавица придружена со чувство на гадење, може да се насочите кон природните лекови кои ќе ги ублажат симптомите. Имено, вртоглавицата покрај претходно споменатите здравствени проблеми, може да биде предизвикана и од стрес. Во тој случај дефинитивно насочете се кон овие природни лекови кои ќе го намалат стресот и ќе ја смират појавата на вртоглавица.
Чај од ѓумбир
Овој популарен зимски пијалок го ублажува гадењето и го обновува целиот организам, а помага и при вртоглавица.
Подготовка: Додадете парче свеж ѓумбир во врела зовриена вода и оставете го покриено 5 минути. Доколку не ви се допаѓа вкусот на чист ѓумбир, во чајот додадете лажичка мед. Пијте две чаши од овој супер здрав напиток на ден.
Млеко со бадеми
Бадемите содржат витамин Б и Е и антиоксиданти кои помагаат при гадење и честа појава на вртоглавица. Ставете неколку бадеми во филтрирана вода да киснат преку ноќ. Следниот ден, изблендирајте ги заедно со чаша млеко и испијте го пијалакот. Ако избегнувате кравјо млеко, заменете го со растително млеко по ваш избор.
Гинко билоба
Познато е дека гинко билобата ја стимулира циркулацијата, па затоа може да помогне и при ублажување на вртоглавицата. Ова чудесно растение помага и при слаба концентрација, тинитус како и краткотрајно губење на меморијата. Ако страдате од вртоглавица, започнете со консумирање на 250 мг гинко билоба дневно додека да се смири вртоглавицата, а потоа намалете ја дозата на 40-50 мг.
Семиња од коријандер и огрозд
Коријандерот е зачинско растение кое е богато со фитонутриенти, па затоа е добар извор на железо, манган, бакар, калциум и магнезиум. Цариградско грозје е богато со витамин Ц, а има улога во зајакнување на функциите на мозокот. Овие две состојки во комбинација можат да ги ублажат симптомите на вртоглавица.
Подготовка на пијалакот: ставете 1 лажичка семе од коријандер и прав од огрозд во филтрирана вода. Оставете ја течноста да кисне преку ноќ. Наутро процедете и додајте малку мед во исцедениот пијалок по желба.
Храна богата со витамин Ц и други антиоксиданти
Храната што помага при ублажување на вртоглавицата е секако онаа што е богата со антиоксиданси. Затоа, почесто јадете зелен лиснат зеленчук, свежо овошје, како што се авокадо и банана и дополнете ги оброците со здрави масти, како маслиново и кокосовото масло. Исто така, јадете овошје и зеленчук богати со витамин Ц, како што се агруми, јагоди, пиперки и киви.
Истражување спроведено во Јапонија покажа дека луѓето кои страдаат од Мениерова болест (нарушување на внатрешното уво придружено со вртоглавица) значително се подобрува кога ќе започнат да се внесуваат повеќе количества витамин Ц во организмот на дневна основа.
Хидратација на организмот
Дури и лесната дехидратација може да доведе до промени во кр-вниот притисок и намалување на вртоглавицата. За да се спречи оваа состојба, важно е да внесувате доволно течности во вашето тело. Пијте што повеќе филтрирана вода и билни чаеви. Избегнувајте алкохол, како и засладени и газирани пијалаци, бидејќи тие можат да ја зголемат појавата на вртоглавицата.
Дополнителни совети за вртоглавица:
Веднаш штом почувствувате вртоглавица, седнете или легнете со подигната глава на безбедно место, најдобро на кревет или кауч. Имајте редовен и квалитетен сон и намалете го стресот колку што е можно повеќе. Редовно практикувајте одење на масажа на главата со есенцијални масла, како лаванда. Лавандата ја стимулира циркулацијата на кр-вта и дополнително ќе го релаксира вашето тело.
Вртоглавицата честопати се поврзува со висок холестерол или повисоко ниво на глукоза во кр-вта. Затоа, ако сте склони кон вртоглавица, задолжително внимавајте на исхраната, а одбегнувајте нездрави масти и вештачки шеќери.
Голем број луѓе се соочуваат со различни здравствени проблеми и веднаш посегнуваат по лекови. Меѓутоа, некои лекови го влошуваат проблемот бидејќи доаѓа го нуспојави. Значи, кога има можност за тоа, побарајте помош од природата.
Така на пример, мајчината душица е билка која значително може да го подобри вашето здравје. Изобилува со железо, калиум и калциум, а претставува и одличен антиоксидант.
Мајчината душичка има бројни лековити својства вклучително: помага во лекување на ревматоидниот артритис, ја смирува кашлицата и бронхитисот, го регулира кр-вниот притисок, третира хринична исцрпеност и астма, стимулира формирање на црвени кр-вни зрнца, се бори против вртоглавица и мултипла склероза.
Чај од мајчина душица
Потребни состојки: грст мајчина дишица (свежа или сува), 250 мл вода, 1 лажичка мед по желба.
Постапка: Едноставно, измијте ја мајчината душица и ставете ја во чинија. Проварете ја водата и прелијте ја преку билката. Поклопете и после 10 минути процедете го чајот. Доколку чајот го сакате чповеќе засладен, додадете една лажичка мед. Консумирајте секојдневно и ќе бидете воодушевени од резултатите. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска