Потребни состојки за тесто:
100 г шеќер,
6 лажици џем од кајсии,
1 шолја сечкани ореви,
1 шолја сечкани урми,
1 шолја сечкано суво грозје (или цело),
½ л млака вода,
1 портокал – сок и рендана кора,
500 г брашно,
½ кесичка прашок за печиво,
Лимонова кора,
1 лажичка сода бикарбона,
½ лажичка цимет.
Потребни состојки за украсување:
3 лажици џем од кајсии,
3 лажици мелени ореви.
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад ставете: брашно, прашок за печиво, шеќер, ореви, урми, суво грозје, рендана кора од лимон и портокал, сода бикарбона, цимет и џем од кајсии кој претходно сте го разредиле со неколку лажици млака вода.
2.Сето добро промешајте го, додадете сок од портокали и остатокот од вода, па префрлете го тестото во тркалезен калап обложен со хартија, израмнете со лажица и печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
3.Колачот извадете го од рерна, премачкајте го со џем па печете уште 5-10 минути.
4.Изладениот колач исечете го на парчиња, поросете со мелени ореви и сервирајте со кафе или топло какао.