Кафето е пијалак околу кој луѓето имаат изградено цели ритуали. Тоа ви помага да се разбудите наутро и да соберете енергија за претстојниот ден, но и да ги одржувате пријателствата. Утринското кафе се пие набрзо по будењето, бидејќи помага во расонување и разбистрување на мислите.
Од многуте различни хемиски соединенија што се наоѓаат во кафето, едно од најпознатите и најважните е кофеинот. Многу научни студии покажаа дека кофеинот кој го содржи кафето обезбедува многубројни здравствени придобивки. Кофеинот е одличен стимулант на енергијата. Кофеинот го забрзува срцевиот ритам и го стимулираат протокот на кислород и хранливи материи до мозокот.
Сепак, она што луѓето најмногу го сакаат кај добрата шолја кафе е уживањето во мирисот, вкусот, како и дружењето со луѓето. Ниту едно дружење нема да биде комплетно, освен ако не го зачините со шолја вкусно кафе. А, нема подобар начин да се собере енергија, отколку во пријатно попладне поминато со позитивни луѓе.
По ручекот, во попладневните часови, нивото на енергија природно опаѓа. Тогаш нивото на кортизол е ниско, па се чувствувате уморни. Потребно ви е нешто што ќе ве придвижи и ќе ви даде дополнителна енергија за сите дневни активности што ве очекуваат во остатокот од денот.
Но, потребно е да бидете претпазливи бидејќи кофеинот останува во кр-вта 5 – 10 часа по негова консумација. Оние луѓе кои имаат побавен метаболизам, доволно е да пијат кафето само наутро. Наспроти тоа, пиењето кафе во доцните часови може да го отежни заспивањето и да го наруши сонот.
Во последниве декади, слободно може да се каже дека кафето е една од најистражуваните прехранбените намирници. Во последно време, научниците потврдија многу здравствени придобивки од консумацијата на кафе, секако во умерена количина.
Студиите покажуваат дека консумацијата на кафе во умерена количина го намалува ризикот од см ртност за 8 – 15% при секоја здравствена состојба. Други студии покажуваат дека пиењето кафе може да го намали и ризикот од кардиоваскуларни заболувања (вклучително срцев и мозочен у дар), дијабетес тип 2, Паркинсонова болест, рак на грлото на матката и на црниот дроб, цироза и гихт.
Но, научниците повторно предупредуваат во дозирање на дневниот внес на кафе бидејќи предозирање од кафе може да предизвика несоница, анксиозност, а во најлош случај срцев у дар. Научниците советуваат дека тајната состојка за уживање во кафето е балансот.
Во последно време, научните студии докажуваат дека пиењето кафе наутро може да го забрза метаболизмот, а со тоа да поттикне губење на вишокот килограми. Оваа студија сè уште е во тек, но неодамна пронајдовме еден совршен рецепт за губење на масните наслаги и тоа со помош на кафе, но само доколку го направите на овој начин.
Подгответе ја оваа смеса за претстојната недела и наутро додека го пиете своето кафе додадете една лажичка од оваа смеса. Шмекот на мед, цимет, какао и кокос ќе даде прекрасен вкус на кое било кафе, а воедно ќе го поттикне процесот на слабеење. Количините се направени за повеќе денови.
Потребни состојки: 3/4 чаша масло од кокос, 1/2 чашки мед, 1 лажица цимет, 1 лажица какао (по избор).
Подготовка: Измешајте ги сите состојки рамномерно и складирајте ја мешавината во чиста стаклена тегла со капак. Наутро, кога ќе го направите кафето, додајте една до две лажици од смесата додека кафето е сè уште топло. Мешајте околу пет секунди и уживајте во вкусот. Оваа мешавина е супер-здрава и фантастично ќе го забрза вашиот метаболизам, а со тоа ќе ви помогне да изгубите вишок килограми.
Уживањето во омилениот пијалак, неговата специфична арома и неговиот вкус се дневен ритуал без кој многумина не можат да го замислат денот. Кафето е идеално ако ви треба момент на осаменост и релаксација, но уште подобро е ако го пиете опкружени со оние што ве сакаат. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска