Од античко време, човекот користел лековити билки во исхраната, истовремено учејќи каков ефект имаат врз организмот. Нашата модерна ера има извонредно добри биохемиски лекови и антибиотици кои стануваат сè пософистицирани. Спротивно на тоа, лековитите билки се користат сè повеќе и повеќе во модерното време, бидејќи човекот ги проучувал и испитувал уште од дамнешни времиња, а нивните лековити својства се научно докажани.
Постои зголемена употреба на билни чаеви, екстракти и сирупи во последните десетина години. Кај некои болести, лекарите се осврнуваат кон употреба на лековити билки за лекување на некоја здравствена состојба. Истовремено лековитите билки и природни намирници се користат за нега на кожата, особено на женското лице.
Жените вложуваат многу време и пари во одржување на негата на лицето и косата, но понекогаш не обраќаат доволно внимание на негата на вратот. Сепак, возраста на жената е лесно да се одреди според состојбата на кожата на вратот. Кожата на вратот ја издава негата на жената за својата кожа. Бидејќи вратот е најизложен на нечистотии, кожата на вратот треба да се негува на ист начин како и кожата на лицето.
Особено е важно да се користат хидратантни креми, оние кои се користат за одржување на кожата, да биде мека и еластична. Помасните креми (најчесто ноќни креми) се корисни за сувата кожа. Можеби звучи невообичаено, но и неправилниот став на телото може да предизвика брчки на вратот.
Неправилната положба на телото создава дополнително оптоварување на ‘рбетот, што пак создава неправилен агол на наклонот на вратот, мускулите стануваат вкочанети и напнати. Но, лековитите билки и примената на масажи може да ја отстранат главоболката и напнатоста во вратот, а предниот дел на вратот може да се масира со нежни движења со користење на хидратантна крема.
Многу книги напишани за негата на кожата укажуваат на разни активности кои секојдневно ги применуваме, а не сме свесни дека тие се причината за стареење на кожата на вратот. Правилно направената масажа на вратот обезбедува прекрасен смирувачки ефект.
Се изведува многу лесно, а потребно ви е малку масло или помасен крем. Седнете потпрени или легнете на перница така што мускулите на вратот ќе ги опуштите. Масирајте со двете раце, додека десната рака ја масира левата страна на вратот, а левата страна ја масира десната страна на вратот. На рацете ставете хидратантен крем.
Повеќе практикувајте масажа на задната страна на вратот отколку на предната бидејќи тука се наоѓаат најважните кр-вни садови кои носат кр-в од и во мозокот. Започнете со масажа од долниот дел на главата со двете дланки кои ќе ги движите кон рамењата.
Најпрво масирајте со нежен притисок, а потоа зголемувајте го притисокот сè додека не ви предизвикува болка. Најдобра техника за превенција од брчки на вратот се вибрациите. Со јагодиците на прстите правете движења во страна.
Масажата треба да трае 15 минути, а најчесто се применува во комбинација со масажа на лицето. Масажата ќе ја поттикне циркулацијата, а со тоа ќе спречи појава на брчки. Завршете ја масажата со лесно лизгање по вратот. Масажата треба да ве опушти и да ги стимулира клетките побрзо да се регенерираат.
Диетите за слабеење можат да предизвикаат брчки на вратот
Можеби звучи чудно, но многу е важно да се обрати внимание на состојбата на вратот за време на диета. Ова е особено важно кај постарите луѓе каде што по нагло слабеење, кожата на вратот станува млитава и се појавуваат брчки. Доколку се забележат знаци на појава на брчки, тоа треба да биде аларм да ја промените диетата и начинот на исхрана.
Пржената и масна храна го зголемува ризикот од појава на брчки на вратот. Секојдневното вежбање може да ја зачува еластичноста на кожата. Доколку некој ден немате време да извежбате, направете 10 минутно движење на вратот во страна, горе – долу за ја истегнете кожата и поттикнете циркулацијата во тој дел.
Природен лосион за чистење на вратот
Овој лосион го употребувале жените уште од дамнешни времиња кога козметичките производи на пазарот сè уште не постоеле. Жените правеле различни смеси и комбинации од природни намирници со кои ја одржувале кожата чиста и постојано хидрирана.
Постапка: Измешајте една жолчка од јајце со 100 г кисела павлака, додадете 1/4 лажица сок од портокал. Овој лосион се користел за чистење на кожата на лицето и вратот. Темелно исчистете го вратот со памук/туфер натопен во подготвената смеса. Потоа ставете масен хидратантен крем или масло. Со овој лосион може да ја отстраните шминката, а потоа лесно да исплакнете со вода.
Овој третман ја елиминира опасноста од предвремено стареење на кожата, спречува појава на брчки и опуштена кожа. Лосионот може да се чува во фрижидер и може да се користи секој ден.
Доколку вашата кожа на вратот изгледа постара од тоа што навистина сте, се препорачува да се мешаат 2 лажици мрсна урда со сок од половина портокал и
1 лажица маслиново масло. Ставете ја смесата на двојна газа, завиткајте ја околу вратот и зацврстете со завој. Држете 15-20 минути, а потоа исплакнете го вратот со топла вода. Оваа маска може да се применува двапати неделно.
За пеглање на новонастанатите брчки
Ставете парчиња компир на вратот. Компирот ќе ја направи кожата мазна, а брчките ќе се испеглаат после неколку недели.
Облога на вратот
Измешајте една лажичка мед со 1 жолчка од јајце, а потоа додадјте 1 лажичка путер. Ставете ја смесата на салфета, завиткајте околу вратот и прицврстете со фолија или памучна крпа. По 20 минути исплакнете ја смесата со топла вода и нанесете хидратантен крем.
За мазен врат како на бебе
Сварете неколку цвеќиња од камилица во 250 мл млеко, натопете цврста крпа во топлата смеса и завиткајте ја околу вратот. Одозгора ставете фолија и памучна крпа. Држете 15 минути. По изминатото време, смесата не треба да се измива, само се натапкува со крпата по вратот и се става хидратантен крем или масло. Оваа смеса е одлична за млитава кожа.
Препораки на народната медицина за зачувување на еластичноста на кожата и спречување на појава на брчки на вратот
Пред секое легнување навечер, кожата мора да се исчисти и масира. Растворете една лажица сол и една лажица разреден етил ал-ко-хол во чаша вода (може да се додадат неколку капки сок од лимон), натопете салфета во добиениот раствор и масирајте ја ритмички и внимателно регијата на вратот од врвот на брадата кон долу.
За лабава и збрчкана кожа на вратот
Се препорачува масна компресија од масло од бадем, маслиново масло или масло од праска. Натопете газа со малку од маслото или комбинација од повеќе масла, а потоа завиткајте го вратот и прицврстете со памучна крпа. Облогата се остава да делува 15 минути, а потоа се нанесува хидратантен крем.
Маска за врат
Исплакнете го вратот со топла вода и ставете крпа натопена со чај од цвет од липа (истурете 1 – 2 лажици липа во топла зовриена вода и оставете да отстои 10 – 15 минути). На крајот ставете масен крем.
Маските од ленено семе ја прават кожата мазна и нежна
2 лажици ленено семе се прелива со 2 чаши вода. Варете додека да се формира паста, а потоа намачкајте ги вратот и пределот на градите и покријте со памучна крпа.
Откако ќе ја отстраните маската, испрскајте ја кожата со ладна вода и ставете хидратантен крем.
Ако кожата на вратот е потемна од кожата на лицето, потребно е да нанесете сок од лимон или сок од краставица, оставете да делува неколку минути, а потоа само натапкајте со крпа и нанесете хидратантен крем.
За да се зачува еластичноста на кожата на вратот и градите треба да се тријат еднаш неделно со сок од еден лимон и вода. Лимонот може да ја исуши вашата кожа, затоа откако ќе делува некое време нанесете хидратантен крем.
Оваа постапка потребно е да ја правите навечер пред легнување, а наутро само да ја исплакнете кожата со вода. Доколку кожата на која е нанесен лимон биде изложена на сонце, може да настане иритација или појава на дамки во пределот на вратот. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.