Рецепт и видео презентација на Ивана од Шерпица – Похувани тиквички со сусам од рерна – однадвор крцкави, а внатре сочни.
Многу, многу вкусни. Однадвор крцкави, внатре сочни, многу добар вкус. Во продолжение прочитајте го и вториот рецепт.
Самата подготовка е многу брза и поеднаставна, бидејќи се пече во рерна и не троши многу масло. Уживајте во рецептот и комбинирајте го со салати, сосови или прилог од зеленчук.
Потребни состојки: 2 средни тиквички, 4 јајца, 150 г пармезан, 3 лажици сусам, 5 лажици лебни трошки (презла), 3 лажици брашно, сол и масло (2 лажици за цела тепсија)
Постапка: Тиквичките добро измијте ги и исечете ги на тркалца или надолжно на тенки ленти.
Посолете ги и оставете ги малку да ја испуштат течноста од нив. Потоа процедете ги од вишокот течност.
Во еден сад измешајте брашно, презла, пармезан, сусам, а во друг сад изматете ги јајцата и посолете ги.
Секоја тиквичка прво натопете ја во јајцата, па во мешавината од пармезан, па повторно во матените јајца и на крај во сувата мешавина.
На овој начин ќе го обезбедите надворешниот слој, кој откако ќе се испечат тиквичките ќе им даде дополнителна вкусност и крцкавост.
Вака подготвените тиквички редете ги во плех обложен со хартија за печење и малку намастен со четка натопена во масло.
Врз секоја тиквичка ставете по некоја капка масло, па ставете да се печат приближно 20-25 минути во загреана рерна на 200 степени.
Уживајте додека се топли, но и кога ќе изладат се супер. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
II РЕЦЕПТ – Похувани тиквички од рерна, однадвор крцкави, одвнатре меки, превкусни.
Брзи, здрави и вкусни тиквички од рерна, за кои ви се потребни само 4 лажици масло. нема потреба да стоите долго пред шпорет и да ги пржите во длабоко масло.
Рецепт и видео презентација на Gala Food.
Потребни состојки: 2 тиквички, малку сол, 2 лажици брашно, 1 лажица пченкарно брашно, 1 лажица лебни трошки (презла), 1 лажичка сол, ½ лажичка црвен зачински, пипер во прав, 2 јајца, сусам за наросување одозгора и 4 лажици масло
Постапка: Тиквичките убаво измијте ги, па исечете ги на тркалца заедно со кората. Посолете ги и оставете малку да отстојат.
Во посебен сад ставете две лажици брашно, една лажица пченкарно брашно, една лажица лебни трошки, една лажичка сол, половина лажичка црвен пипер во прав и убаво промешајте за да се изедначат состојките.
Во друга чинија изматете две јајца со виљушка. Започнете го похувањето на тиквичките.
Секое тркалце натопете го прво во јајцата, а потоа во мешавината од брашно и презла. Завршете со уште едно потопување во јајцата.
Вака приготвените тиквички редете ги во плех обложен со хартија за печење. Одозгора наросете ги со сусам и со 4 лажици масло.
Ставете да се печат во загреана рерна на 220 степени додека убаво да заруменат. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.