I РЕЦЕПТ – Тирамису со јагоди, рецепт и видео презентација на Марко Стрижак “Како да се готви” – готов за 10 минути, а предобар е! Овој тирамису е готов буквално за 10 минути и многу е вкусен. Секако дека нема печење, затоа и толку брзо се приготвува.
Потребни состојки: 500 г јагоди, 350 мл слатка павлака за шлаг, 250 г маскарпоне сирење (или друго свежо крем сирење), 2 кесички ванилин шеќер, 180 мл вода, 70 г шеќер за сирупот и пишкоти.
Постапка: На средно-умерена температура растопете го шеќерот со водата, па додајте ги јагодите и гответе ги 2 минути, само колку овошјето да го пушти својот сок и да омекне. Процедете ја течноста и оставете ја на страна да се олади.
Во оваа течност ќе ги натопувате пишкотите, само кратко, па ќе ги редите во калапот со приближни димензии 20х20 см, обложен со проѕирна фолија. Приготвување на фил: маскарпонето оставете го да омекне на собна температура. Во него додајте ванилин шеќер и добро измиксајте за да стане сирењето кремасто.
На страна изматете ја слатката павлака додека да добиете шлаг, па изматете ги двете смеси за да се соединат. Слатката павлака можете и директно да ја истурите во изматеното маскарпоне, само гледајте да биде растителна за да биде поцврст кремот.
Треба да добиете погуста смеса која може да се мачка, а да не тече и да не се распаѓа. Во калапот наредете еден слој пишкоти претходно кратко потопувани во сирупот. Врз пишкотите рамномерно распоредете една третина од приготвениот фил, премачкјате и израмнете.
Врз кремот распоредете јагоди, па врз нив премчкајте со нешто помалку од една третина фил, па повторно наредете пишкоти натопувани во сирупот. Преку пишкотите премачкјате го остатокот од филот. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.
II РЕЦЕПТ – Овошен колач со пишкоти кој се приготвува за само 10 минути.
Потребни состојки: 2 кутии пишкоти, 200 мл млеко за натопување на пишкотите. За фил: 100 г путер или маргарин, 100 г шеќер во прав, 3 чаши кисела павлака, 500 мл слатка павлака, 1 кесичка желатин, 500 г јагоди (може и малини или овошје по желба).
Постапка: Пенасто изматете го путерот со шеќерот во прав, претходно исечен на листови и оставете да омекне на собна температура. Потоа додајте ја киселата павлака и изматете уште малку колку да се соедини со путерот. Овошјето исечкајте го на помали парчиња.
Додајте го во изматената смеса од путер и кисела павлака, па промешајте со лажица или шпатула. Желатинот прелијте со 4 лажици ладна вода и оставете го 10-тина минути додека на набубри. на страна изматете ја слатката павлака додека да добиете шлаг.
Набубрениот и згуснат желатин растопете го на пареа додека да стане течен, па додајте го во слатката павлака и кратко измиксајте за да се соедини. Вака изматената слатка павлака со желатинот соединете ги со претходната смеса.
Промешајте со шпатула или лажица додека да се изедначи филот.Правоаголен долгнавест, тесен а длабок сад обложете го со проѕирна фолија за да можете подоцна полесно да го извадите колачот. На дното од обложениот калап наредете еден ред пишкоти претходно кратко натопувани во млеко.
Распоредете половина од филот, премачкајте ги пишкотите и израмнете. Прекријте повторно со еден ред пишкоти, кратко натопувани во млеко. Повторно распоредете ја втората половина од филот, па рамномерно израмнете. Колачот пред послужување добро изладете го, декорирајте го со овошје и сечете го на парчиња.
III РЕЦЕПТ – Пишкота јагодна торта. Вкусна и сочна торта која се топи во уста, а толку брзо се приготвува, за само 10-тина минути ќе ја направите. Потоа само ќе ви преостане да се воздржите додека таа се олади, па ќе можете да уживате во нејзиниот кремаст вкус.
Потребни состојки за голема торта: 4 големи пакувања пишкоти (бисквити за тирамису), 900 мл слатка павлака, 5 чаши кисела павлака, 300 г шеќер во прав, 1 килограм јагоди и некој газиран сок со вкус на портокал за натопување на пишкотите.
Постапка: Слатката павлака пенасто изматете ја додека да добиете шлаг. Во посебен сад измешајте ја киселата павлака со шеќерот во прав, па измешајте добро за да се соединат состојките. Потоа соединете го со шлагот од слатката павлака и добро измиксајте.
Добиениот фил поселете го на три делови. Пишкотите натопувајте ги кратко во сокот, па редете ги во дното од калапот. Преку пишкотите наредете третина од филот, па наредете ги јагоди исечкани на листови. Преку јагодите во тенок слој премачкајте со фил.
Потоа повторно наредете еден ред пишкоти кратко натопувани во газиран сок (сок од портокал). Преку пишкотите рамномерно распоредете фил, израмнете, па повторно наредете слој од сечкани јагоди на листови. Преку јагодите премачкајте повторно малку фил.
Завршете со уште еден слој пишкоти натопувани во сок, па целата торта премачкјате ја со преостанатиот фил. Декорирајте по вкус, со шлаг, рендано чоколадо, сируп од јагоди, ливчина од свежо нане или нешто по ваш избор.