I РЕЦЕПТ – Чајни ЧУПАВЦИ готови за 10 минути, вкусни, меки и сочни. Вкусни, меки и сочни… имав заборавено на овој рецепт и случајно налетав и се сетив, па ги направив и пред малку ги завршив… едвај чекам да ги пробам!
Потребни состојки: 500 мл млеко, 5 лажици густин, 10 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 150 г путер, 1 пакување (1 кг) чајни колачиња (тркалца), 200 г кокос. И уште: млеко за натопување и малку рум
Постапка: Млекото ставете го да зоврие, па промешајте густин, шеќер и ванилин шеќер со малку млеко, па сварете како пудинг. Оставете да излади па соединете со пенасто изматен путер.
Тркалезните колачиња натопувајте ги во млеко и малку рум, па со мало лажиче ставајте фил и валкајте ги во кокос. Повторувајте ја постапката додека да ви се потрошат колачите и филот.
Најубави се кога ќе отстојат неколку часови во фрижидер или уште подобро преку ноќ. Во тој случај мора да чекате како и јас сега… Се надевам дека ќе ви се допаднат. / Coolinarika.com
II РЕЦЕПТ – Чупавци се колачињата од моето детство – ова се најмеките, најмирисните, се топат во уста. Едноставен рецепт за вкусни колачиња кој секој ги сака. Постапката не е комплицирана, а колачињата остануваат долго меки и мирисни. Ова се најмеките чупавци кои некогаш сте ги пробале.
Потребни состојки: 4 јајца, 12 лажици шеќер, 12 лажици масло, 12 лажици млеко, 12 лажици брашно, 1 кесичка ванилин шеќер и 1 прашок за печиво
За чоколаден прелив: 350 мл млеко, 4 лажици шеќер, ¼ маргарин од 250 г (околу 60 г) и 250 г чоколадо за готвење
Постапка: Јајцата изматете ги со миксер додека да запенат, па постепено додадете го шеќерот и ванилата и матете додека да побелат и згуснат.
Потоа намалете ја брзината на миксерот и полека додадете го маслото во тенок млаз. Додадете го млекото на ист начин.
Нрашното просејте го заедно со прашокот за печиво, па започнете постепено да го додавате во смесата, повторно матејќи со миксерот на најмала брзина.
Смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех со средна величина и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20-30 минути.
За прелив: на оган ставете млеко со маргарин и шеќер и оставете да се растопи и соедини. Тргнете од оган и додадете го чоколадото искршено на коцки. Мешајте додека да се растопи.
Печениот колач оставете го да излади, па исечете го на коцки. Кога преливот ќе се олади, со една рака натопувајте го парчето колаче во чоколадниот прелив, а со другата рака валкајте го во кокос. Редете на тацна и уживајте во вкусот. / Coolinarika.com