Рецепт и видео презентација на Валентина Машковиќ – “Сити сте, а килограмите се топат – На здрав начин со оброк салата до совршена килажа”. Поздрав драги пријатели, почитувани домаќини и домаќинки. Денес за вас подготвив рецепт за една навистина превкусна салата.
Здрава е и вкусна, ве остава сити, а верувајте дека од неа ќе почнете да ги губите килограмите. Јас сум на овој оброк-салата веќе еден месец, одбегнувам тестенини и верувајте ми, ми тргна од рака и започнав да се ослободувам од вишокот килограми.
Затоа овој рецепт сакав да го споделам со вас, затоа што навистина делува и е ефикасен. Нема пржење, ниту похување, ниту губење на време, многу лесно и едноставно се подготвува. Салатата е многу вкусна, ве заситува, а сепак килограмите се топат.
Некои можеби ќе бидат изненадени, затоа што салатата содржи сланина, а се претставува како диетална. Кој сака може да ја исклучи, но таа е важна состојка кој треба да се погрижи да останете сите. Количината не голема, мастите се исцедени од пржењето, но сепак има доволно протеини и масти за одржување на ситоста.
Наместо сланина можете да користите некоја масна риба кога ќе ви обезбеди омега масни киселини и исто така, ќе ве држи сити подолго време. Оваа салата е “медитеранска”, односно содржи комбинација од домати маслиново масло, фета сирење, пиперки…
Тука е и гравот кој ќе ви обезбеди доволно белковини. Сигурно ви е позната поговорката која ја промовираше дури и познатиот Доктор Оз во неговите шоу емисии, а тоа е: “Ако сакате да бидете здрави и долговечни, секој ден јадете грав”.
РЕЦЕПТ. Потребни состојки за 4 лица: 2-3 мали конзерви црвен грав, 250 г фета сирење, 2 поголеми домати, 2 големи главици кромид, 50 г свеж магдонос, 2 долги лути пиперки, 150-200 г сланина, малку маслиново масло и малку сол по вкус (со тек на време намалувајте ја солта колку можете повеќе).
Постапка: Сланината (панцетата) треба да биде исечена на што потенки листови. наредете ја во плех, секоја лента поединечно, да не се преклопуваат парчињата, за да можат убаво да се испечат. Потоа ставете ги во претходно загреана рерна на 200 степени и печете ги 15-тина минути.
Печените листови сланинатреба да се “реш”, па веднаш извадете ги од плехот во кој се печеле, исцедете ги од вишокот маснотија и редете ги во чинија обложена со хартиена салветка. На тој начин ќе се впие остатокот од стопени масти и ќе обезбедите крцкавост.
Половина китка магдонос убаво измијте ја под млаз ладна вода и исцедете ја ја, а потоа листот систно исечкјате го и оствете го во посебен сад. Кромидот исчистете го и излупете го, па и него исечкајте гона тенки лентички и ставете го во посебен сад и тргнете го на страна.
Ако користите грав од конзерва, тогаш процедете ја течноста од конзервата и малку испакнете ги зрната со ладна вода (не мора) и процедете ги, а доколку си варите свој грав, тогаш внимавајте да не го преварите за да останат цели зрната и само процедете го.
Вака приготвениот грав истурете го на дното од еден поголем сад (во кој ќе ја мешате салатата). Вкусете за да проверите дали е солен. Во сечканиот кромид додадете една мала лажичка сол, а потоа изгмечете со рака за да ги ослободи соковите и да ја впие солта.
Кромидот рамномерно распоредете го преку гравот. Доматите и пиперките измијте ги под млаз ладна вода. Доматите исчистете ги од тврдиот дел и исечете ги на покрупни залак – парчиња и веднаш ставајте ги преку кромидот. Во зависност од тоа колку сакате луто, толку пиперки додадете.
Ако се одлучите за лути пиперки, тогаш исечкајте ги поситно а ако користите слатки, тогаш можете да ги исечкате и покрупно, на залак-парчиња. Исечканите пиперки додадете ги врз доматите, а одозгора наросете го и ситно сечканиот свеж магдонос (оставете малку за декорација).
Фета сирењето исечете го на правилни средно-крупни коцкички и наредете ги врз салатата. Во овој момент може да додадете зачини по вкус. Јас ќе додадам црн пипер во прав, оригано, малку маслиново масло со вкус на босилек, хималајска сол (многу малку).
Со помош на две големи лажици измешајте ја салатата за да се соединат сите состојки и вкусови, а одозгора наредете го чипсот од сланина (цели лентички или кршени). Како што можете да забележите, оваа оброк салата за многу кратко е готова и може да се послужи.
Оваа количина е доволна за да засите четворица возрасни луѓе. Декорирајте со неколку парчиња сланина и одозгора наросете малку свежо сечкан магдонос. Совршен оброк. Деталите околу целата постапка на приготвување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.