I РЕЦЕПТ – Направете специјалитет со компир: Сите ќе ви бараат рецепт, бидејќи многумина ова не го пробале! Овие компирови топчиња се многу популарни – одат како прилог а може и како главно јадење.
Кога компирот во вид на пире или помфрит ќе ви здодее, еве една многу интересна идеја, во комбинација со многу сусам…. превкусно!
Потребни состојки: 500 г компир, 200 г брашно, 45-50 г путер/маргарин, 50 мл вода, сол и сув зачин по вкус (вегета), 150 г кашкавал, 200 г сусам, масло за пржење
Постапка: Излупен компирот исечете го на коцки и сварете го во вода во која сте додале малку сол, а потоа исцедете го и испасирајте го во пире. Додека е топол компирот додадете сув зеленчуков зачин (вегета) и путер или маргарин, па промешајте за да се растопи и соедини.
Кога смесата малку ќе подизлади, измешајте брашно разматено со малку од водата во која се варел компирот и замесете тесто.Готовото тесто поделете го на поголеми парчиња и на набрашнета површина формирајте валјаци, па сечете ги на парчиња од кои ќе формирате топчиња со величина по ваша желба.
На секое парче ставете коцкичка кашкавал и со помош на дланките обликувајте топче, внимавајќи кашкавалот убаво да биде покриен, за да не истекува при пржењето.
Крокетите валкајте ги обилно во сусам и пржете ги во длабоко масло. Пржените крокети вадете ги на хартиена салветка за да се впие вишокот масло.
II РЕЦЕПТ – Посно и евтино предјадење: Од истата смеса може да се направат повеќе топчиња со различен вкус
Рецепт и видео презентација на Драгана Михајловиќ од “Направи Сама-Идеи за креативци” – Посно предјадење: 3 вида топчиња од една смеса. Ова е одличен рецепт за посно и евтино предјадење.
Посните топчиња од компир изгледаат многу ефектно, а превкусни се. Брзо и едноставно се приготвуваат и сите ги сакаат. За да ги приготвите овие вкусни топчиња ќе ви бидат потребни следните состојки.
Потребни состојки: 1 кг компир, излупен и исечен на крупни коцки, 2-3 чешниња лук по вкус, 90-100 г посен мајонез (мала кесичка), 3 полни раце несолени печени и мелени кикирики (а може и готови пржени и лупени, но во тој случај ќе мора да внимавате на количината на солта), 1 голем морков, толчена лута пиперка (средно лут буковец), сол, црн пипер, околу 3 лажици препечен сусам (половина за валкање).
Постапка: Компирот убаво измијте го, излупете го и исечете го на крупни коцки. Посолете го и ставете го во тенџере заедно со еден морков. Долејте вода за да бидат компирите покриени, па сварете ги. Кога ќе се сварат, морковот тргнете го на страна, а варените компири процедете ги и изгмечете ги како пире.
Лукчето исчистете го и испасирајте го (или многу ситно исечкајте го) и додадете го во пасираниот компир. Додадете и посен мајонез, посолете по вкус и запиперете. Промешајте за да се изедначи смесата. Ова е основата која треба да се подели на три дела.
Во првиот дел додадете ги мелените кикирики и промешајте да се изедначи. Во втората смеса додадете 1,5 лажица сусам и промешајте. Во третиот дел додадете рендан морков (кој претходно се вареше со компирот. Од смесата со сусам вадете топчиња и валкајте ги во сусам.
Од смесата со морков вадете топчиња и валкајте ги во толчена црвена пиперка. Од смесата со кикирики правете топчиња кои можете да ги валкате во мелени крекери или кикирики, а може да ги оставите како што се.
Варијантите навистина се големи и неисцрпни. Смесата е навистина одлична и може да се комбинира со најразлични состојки како на пример: ситно сечкан магдонос, шарена сол, мелени посни крекери, рендан морков и сл. Деталите за постапката можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.