Ја користеле во Антички Египет, се одгледувала во Кина и Индија повеќе од еден милениум, а Французите од неа прават разни традиционални јадења и супи…
Често ја газиме, го корнеме или ја фрламе како плевел, а не сме свесни за нејзините лековити својства.
Тучницата (толчник, тушт) е годишен, лиснат зеленчук, но многу упорен „плевел“, штом еднаш се смести во нашата градина или двор, тешко е да се ослободиме од него.
Најчесто се населува под доматите, па доколку го барате прво погледнете таму.
Растението кое често се смета за плевел е всушност и бесплатна храна и неверојатен природен лек! Затоа, излезете надвор и видете што се крие во вашиот двор.
Тучницата (Portulaca oleracea) ќе ја препознаете по месестите, сочни лисја и жолти цветови. Има црвеникави стебла и мали зелени лисја.
Неговата репутација како само плевел произлегува од фактот дека расте во различни услови, од плодно ѓубриво во градини до пусти делови и карпи. Отпорноста на ова растение се должи на фактот дека нејзините семиња можат да преживеат во почвата дури 40 години.
Тучницата потекнува од Стара Персија и Индија, но денес расте низ целиот свет. Постојат докази кои сугерираат дека може да се користи за лекување на разни здравствени проблеми.
Истражувачите откриле дека тучницата содржи повеќе антиоксиданси од спанаќот и дека концентрацијата на омега-3 масни киселини е поголема од количината што се наоѓа во некои рибини масла.
Фактот дека е погоден извор на витамини и минерали, исто така оди во прилог на ова растение. Има дури шестпати повеќе витамин Е отколку спанаќот, а седумпати повеќе бета-каротин од морковите.
Изобилува со многу витамини како витамин Ц (20% од препорачаната дневна доза) магнезиум, калциум, железо, витамин Б2, калиум, фосфор и манган. Антиоксидансите на овој лиснат зеленчук го подобруваат целокупното здравје и го зајакнуваат имунитетот.
Тие се сметаат за главни помагачи при срцеви заболувања, атеросклероза, карцином, губење на меморијата и губење на видот поради стареење. Омега-3 масните киселини го намалуваат ризикот од ревматоиден артритис, Алцхајмерова болест и деменција, астма, срцеви заболувања и депресија.
Тучницата е богата со витамин А, кој спречува одреден вид на рак и го подобрува видот. 100 г тучница обезбедува 44% од препорачаната дневна доза на витамин А.
Исто така, таа е богат со витамини од групата Б, вклучувајќи рибофлавин, пиридоксин и ниацин, каротеноиди и траги од минерали како железо, магнезиум и калциум.
Со сигурност го зајакнува имунитетот, ја подобрува работата на срцето и крвните садови, а има и мал ефект против нервоза и стрес, го подобрува варењето на храната и еластичноста на кожата.
Има антибактериско и антифугално дејство, а може да помогне и при депресија. Сувите лисја на тучницата имаат 16% активни антидепресивни супстанции. За таа цел се приготвува во форма на чај. Како свежо растение, тучницата е истовремено диуретик и благ лаксатив, па затоа е совршена билка за слабеење.
Корисна е за уринарни и дигестивни проблеми. Има антимикробно дејство. Позитивно влијае кај лекување на акните, псоријазата итн. Запамтете дека тучницата брзо почнува да ја губи својата хранлива вредност веднаш откако ќе се набере, па затоа треба да се искористи веднаш.
Доколку вашата градина е мала или мислите дека ќе ја зафати целата градина, можете да ја одгледувате во внатрешноста од вашиот дом како домашно растение. Во празен сад или саксија, ставете малку почва и семе од тучница. Засадете го семето и одржувајте ја почвата влажна, но не премногу.
На Блискиот Исток, тучницата се продава во снопови како салата и луѓето ја користат за да подготват разни јадења. Честопати се смета за „освежителна храна“ во топлите региони. Исто така се користи за подготовка на некои типични медитерански јадења.
Тучницата има малку солен и киселкаст вкус кој им се допаѓа на многумина, особено ако се јаде како салата. Сепак, може да се користи за подготовка на супа, рижото, да ја мешате со друг вид лиснат зеленчук и можете да ја приготвувате во рерна итн. Тучницата е совршено здрава состојка за подготовка на омилените супи и шејкови.
Како да приготвите освежителна салата од тучница?
Во голем сад ставете листови рукола, потоа додадете ги листовите од тучницата.
Подготовката на тучницата е многу лесна, како и секој друг лиснат зеленчук. Одделете ги листовите од стебленцата, и измијте ги само листовите.
Во миксот од салата додајте неколку шери домати и ситно сечкана краставица и ротквица. За дресинг измешајте сок од лимон и малку маслиново масло. По желба додадете крекери.
* Сите состојки во салатата зависат од количината која сакате да ја подготвите./ Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска