Во повеќето случаи виновникот за затнат нос е некоја минлива настинка, но симптомите како проблеми со дишењето, кивање, изгубен осет за мирис и вкус, како и лошото спиење поради затнат нос, може да потраат со месеци, па дури и години.
Причини за такви хронични проблеми може да биде сезонска алергија, девијација на септумот или друга медицинска причина која се лекува, велат експертите.
-Ако поради затнат нос не можеме нормално да дишеме во период подолг од два месеци, задолжително посетете лекат кој може да пронајде едноставно решение за вашиот проблем – вели д-р Ајхам Ал-Ајуби од болницата во Лондон за Дејли Мејл.
I СИМПТОМ: Кивање на парфем, прашина или животински влакна
Можна причина за оваа состојба е алергиски ринитис или воспаление на носните патишта. Алергените предизвикуваат производство на антитела имуноглобулини Е, како и течење од носот и затнување на дишните патишта.
Експертите тврдат дека дури 45 % од луѓето патат од поблага или потешка верзија на алергиски ринитис, а оваа состојба се лекува со антихистамински таблети или стероидни спрејови.
II СИМПТОМ: Спрејовите и капките не делуваат
Можна причина за проблемите со затнат нос кој не може да се реши дури ниту со лекови, е девијација на септумот. Понекогаш до оваа појава доаѓа поради некогашна повреда во детството, додека кај некои луѓе оваа состојба е вродена.
-Од шест од осум часови дневно, едната ноздрва извршува 80% од вкупната работа кај дишењето, а потоа истото тоа го прави и другата. Ако септумот е оштетен, тогаш посилната страна функционира со само околу 40% од својот полн капацитет – вели д-р Ајуби. Единствен начин за ефективно лекување на оваа состојба е рутинска опе-ра-ција за израмнување на септумот.
III СИМПТОМ: Носот е затнат, но колку и да го дувате, не излегува ништо од него
Полипите во носот можат да ги блокираат дишните патишта, поради што ќе имате чувство на полн нос, објаснуваат експертите. Други симптоми вклучуваат губиток на осетот за мирис, спуштање на слуз низ грлото или промена на бојата на гласот.
Полипите исто така, можат да доведат и до хронично воспление на синусите. Најдобриот начин за лекување на полипите се стероидните спрејови, а ако проблемот и натаму постои, задно решение е опе-рација.
IV СИМПТОМ: Чувство на постојана настинатост
За ова најчесто е одговрен сезонскиот алергиски ринитис, облик на алергија на пердуви. Останати симптоми вклучуваат главоболка и други симптоми кои се слични на оние на грипот. Се лекуваат со антихистамински спрејови кои ја намалуваат отеченоста на ткивото на носот, како и користење на стероидни спрејови.
V СИМПТОМ: Затнат нос во вечерните часови
Неалергискиот ринитис предизвикан од сув воздух во климатизираните простории е честа причина за овој проблем. Симптомите постепено се влошуваат, а како што дотокот на кр-вта се зголемува навечер, тогаш тие се највидливи. Најдобро решение е да се отвори прозор и да се исклучи климата (или греењето), советуваат лекарите.
VI СИМПТОМ: ‘Рчење во детството
Причина за ‘рчење на детска возраст често се аденоиди, мали жлезди на задниот дел од носот кои обично исчезнуваат во возрасно доба. Нивното проширување може да предизвика проблеми со дишењето, па се дише на уста, што доведува до ‘рчење. Аденоидите можат хир-ур-шки да се отстранат, а поголемиот дел од проблемите исчезнуваат без третман околу десеттата година.
VII СИМПТОМ: ве боли лицето
Најчеста причина за болка во лицето проследена со затнат нос е синуситис. Покрај акутната фаза на болеста поради нелекување после 12 седмици доаѓа до хронична состојба која повремено се подобрува, а повремено се влошува. Обично состојбата е причинета од вирус и не реагира на антибиотици. Топлите облози на лицето може да ја олеснат болката или неугодноста, а во екстремни случаи потребна е дренажа на синусите.