Испробајте ја оваа мешавина од мед и банана, ќе бидете воодушевени од резултатите. Се приготвува многу брзо од само неколку состојки кои веќе ги имате дома. Освен што е лековита и делува за само неколку дена, оваа смеса е највкусниот домашен лек што некогаш сте го пробале.

Третманот на хронична кашлица и бронхитис отсекогаш бил проблематичен, дури и за традиционалната медицина. Ова заболување бара долго лекување со редовен третман, секојдневна хидратацаја, исхрана за јакнење на имунитетот и многу одмор кој подразбира лежење или барем одбегнување на тешки физички активности.

Сепак, еден домашен лек содржи едни од најмоќните состојки, кои го смируваат грлото и белите дробови и можат да излечат кашлица и бронхитис во најкус можен рок. Овој домашен препарат многумина го испробаа и задоволни се од резултатите.

Благодарение на карактеристиките на медот и бананата, кои се главните состојки на овој рецепт, ќе можете да го давате овој лек не само на возрасните, туку и на децата.

Во исто време, ќе го пиете лекот и ќе уживате во неговиот вкус. Со овој лек ќе се ослободите од воспалено грло, силна кашлица, па дури и проблеми со стомакот.

За да го приготвите овој домашен и вкусен препарат, ќе ви бидат потребни следните состојки: 400 мл зовриена вода, 2 банани, 2 кафени лажички мед.

Подготовка: Најпрво излупете ги бананите и изгмечете ги со дрвена лажица или виљушка во длабок сад. Потоа додадете ја зовриената вода, промешајте, поклопете и оставете да се соедини околу половина час. Промешајте ја смесата неколкупати и повторно поклопете ја.

По изминатото време кога смесата ќе се олади, додадете го медот и повторно промешајте додека тој целосно да се растопи и растопи во течната мешавина. Важно е медот да го додадете последен,  зошто ако го додадете претходно во врелата вода, тој ќе изгуби голем дел од лековитите својства.

Консумирајте по 100 мл од овој напиток четирипати дневно. Оваа количина е доволна за еден ден, а наутро подгответе нова тура. Првите резултати ќе ги забележите после 3 дена. Делува смирувачки врз надразнетото грло, ја ублажува кашлицата и ги смирува бронхиите.

За НМД.мк текстот го напиша Мартина Христовска.