Повеќето лекови во 18 век се состоеле од тоа што болните пиеле ладна вода или се капеле во неа, а според низа истражувања, ладната вода лекува мноштво болести, вклучувајќи го и ракот на дој-ка. Сепак, треба да имате во предвид дека во текстот се наведени методи за тоа како пред неколку векови се лекувале луѓето и се од информативен карактер.
Кон крајот на 1740-тите, Џoн Весли, теолог и најомилениот човек во Англија во тоа време, ја напишал неговата најчитана книга. Но тоа не била книга од областа на теологијата, туку од областа на медицината, за тоа како луѓето да си го излекуваат телото. Книгата била со наслов: ,,Едноставен и природен начин за лекување на повеќето болести“.
Оваа книга била наменета за загрозените семејства за да можат брзо и ефикасно сами да ги лекуваат повеќето болести во домашни услови и да си помогнат себеси и на најблиските. Советите се кратки и едноставни и биле доста пристапни за сите луѓе, па освен сиромашните, ги користеле и богатите луѓе.
Повеќето лекови на Весли се состоеле во тоа што пациентите пиеле ладна вода или се капеле во неа, а според него, ладната вода лекувала голем број на болести, вклучувајќи и рак на дој-ка. Користењето на студена вода во тоа време доста често се практикувало за лекување на различни болести.
Но, некои од неговите предлози, како што е користењето чај од камилица против болки во стомакот, опстанале до денес. Другите лекови, сепак се малку чудни и бизарни според денешните стандарди, а еве неколку од нив:
Лек за запирање на кр-вавењето од носот
Пијте сурутка и јадете суво грозје секој ден – вели Весли, бидејќи тоа ќе помогне да се спречи кр-вавење од носот. Други методи за превенција или лекување се „чување црвено-жешко парче јаглен под носот“ или „натопена крпа во оцет, а потоа вдишувајќи ја миризбата, кр-вавењето престанува.”
Лек за настинка
Најдобро се лекува со земање кора од портокал, правење две тенки ролнички од неа – и ставање на истите во носните ноздри.
Лек за гихт
„Не обраќајте внимание на оние кои велат дека не треба да се лекува гихтот. Тие всушност велат, нема начин како тој да се излекува “, пишува Весли. (Ова веројатно се однесувало на лекарите од тој период).
„Знам дека не може да се излекува со нивните рецепти. Но, јас исто така знам, како да излекувам многу луѓе, без никакво негативно нуспојави, само со ставање на сирово, свежо говедско месо врз болното место. Променете ја облогата еднаш на секои дванаесет часа, сè додека да повлече проблемот “.
Лек за жолтица
Весли предлага лекување на жолтица со едноставен третман: „Обложете ги стапалата со листови од растението хелидониум“. Другите можни третмани вклучуваат земање мала таблета направена од маслинов сапун наутро – 8 до 10 дена или лежење брз здробени и сомелени лушпи од јајца, во период од три дена последователно, да се пости три дена или наједноставниот лек: пешачете додека не се испотите“.
Лек за пневмонија
Лекувањето на пневмонија го објаснува вака: „Наполнете ја внатрешноста на јаболкото со темјан, а потоа испечете го додека да се претвори во пепел, а од пепелта направете каша и изедете ја“.
Лек за болки во грлото кој денес е познат како стрептококен фанзилитис. Неговиот лек бил прилично едноставен: „Потопете бел леб во вис-ки, а потоа ставете го на вратот, фиксирајте го и оставете го да делува додека облогата целосно да се исуши“.
Текстот за НМД.мк го приготви Мартина Христовска.