Докторот пред сè советува да се превенира инфарктот и вели дека најважно е да се спречи создавањето на тромбови. Знаците за инфаркт не е секогаш лесно да се препознаат, но некои од нив сепак се типични.
Симптомите се пред сè многу силна болка во раката, вратот, па дури и во вилицата, како и чувство на жештина или притисок во градниот кош. Од силината на тегобите, заболениот може да остане без воздух, но она што треба итно да се направи, буквално може да му го спаси животот.
Говорејќи за едноставните средства за заштита на срцето и крвните садови, проф.д-р Иван Стојановиќ, кардиолог, објаснува дека е многу важно да се спречи создавање на тромбови. Тоа може да се направи со обична прошетка, благотворно движење кое ја поттикнува циркулацијата и може да го заштити организмот од затнување на крвните садови.
Меѓутоа, ако сепак дојде до инфаркт, треба итно да направите две работи: Една е да повикате итна помош, бидејќи лекарската интервенција е најзначајна во првиот час време. Втортата работа е да испиете аспирин, лек кој влијае на брзото ширење на крвните садови.
“Не е добро да се зема аспиринот редовно и на своја рака, без консултација на својот лекар”, изјави д-р Стојановиќ, гостувајќи во утринската програма ТВ Прва. “Тоа сепак е лек, а не суплемент”. Меѓутоа, треба да си го имате дома, бидејќи може да биде спасоносен во вакви ситуации.
ПРОЧИТАЈТЕ: Која рака боли пред инфаркт? Познавањето на овие симптоми може да ви го спаси животот. Срцевиот удар може да биде најавен преку болки во градниот кош, но токму болката во рака е еден од најраните симптоми. Срцевиот удар се јавува како последица од блокиран доток на крв во срцето и може да има фатален исход, велат докторите.
Брзата лекарска помош може да го спречи ваквиот исход но само доколку итно се реагира, а за тоа е потребно да се познаваат предупредувачките симптоми на ударот. При голем притисок на затнатиот крвен сад, срцето е напрегнато, па се јавуваат некои од следниве знаци кои упатуваат дека би можело да дојде до удар:
На болниот му е тешко и чувствува мачнина, го облива ладна по, па дури може да добие и напад на кашлица. Меѓутоа, особено треба да обрати внимание на болката која се шири по должина на раката. Во која рака се јавува болка при инфаркт?
Најчесто тоа е левата рака, но лекарите велат дека ниту болката во десната рака не треба да се игнорира. Исто така, болката која се шири долж вратот и долната вилица, може да биде алармантнен предупредувачки симптом. Причините кои би можеле и кај здрави луѓе да доведат до појава на инфаркт, најчесто имаат психолошка природа.
РАЗВОД: Истражувањето од Институтот “Каролина” во САД откива дека разведените луѓе имаат 18% поголем ризик да добијат срцев удар во однос на луѓето кои се во брак.
ЕМОЦИОНАЛНА БОЛКА: Научниците од Универзитетот Макмастер во Канада анализирале податоци од 12461 пациенти со просечна возраст од 58 години кои првпат доживеале срцев удар, а потоа не пателе од срцеви заболувања.
Интересно е дека речиси сите во прашалникот запишале дека ден пред инфарктот претрпеле голема емоционална болка, односно слушнале лоша вест која многу ги погодила.
ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Студијата била направена со повеќе од 16000 луѓе кои претрпеле три различни типа на срцев инфаркт. Тие се обиделе да одредат кој тип на инфаркт е најчест во деновите кога воздухот е многу загаден. На крајот навистина пронашле поврзаност помеѓу лошиот квалитет на воздухот и најтешкиот тип на срцев удар.
БРЕМЕНОСТ: Тестот кој бил спроведен на Универзитетот во Јужна Каролина покажал дека промените во телото кои настануваат за време на бременост, може да го зголемат ризикот од срцев удар во текот на бременоста и 12 седмици после пораѓај. Срцевите удари кои се случуваат за време на бременост се многу тешки и доведуваат до бројни компликации.
БЕС: Студија спроведена од научници во Сиднеј открила дека ризикот од срцев удар е 8,5 пати поголем во текот на двата часа после силен излив на бес. Д-р Томас Бакли од Универзитетот во Сиднеј објаснува дека тригери за инфаркт може лесно да станат кавгите помеѓу членови во семејството и други луѓе, како и нервирање на работа.
ПРЕМНОГУ АЛ-КОХОЛ: Пиењето на преголеми количини алкохол го зголемува ризикот од срцев удар, фибрилации на срцето (реперење на срцевите комори), но и целосно откажување на најважниот мускул во телото, истакнуваат научниците од Универзитетот Калифорнија.
СТУД: Шестгодишна студија спроведена на Универзитетот Манитоб во канада открива дека се секој пад на температурата за 10 степени се зголемува ризикот од инфаркт на микардот за 7%. Наглите промени влијаат на секого, но луѓето кои веќе патат од срцеви болести треба да одбегнуваат престој на ладно место.
НЕСОНИЦА: Резултатите од студијата спроведени на Универзитетот за наука и технологија во Норвешка покажуваат дека ризикот од инфаркт значително се зголемува ако патите од несоница, за дури 45%!
ПУШЕЊЕ: Научниците од медицинскиот центар во Тел Авив ја потврдија врската помеѓу пушењето и зголемениот ризик од срцев удар. Анализите покажале дека пушачите имаат трипати поголем ризик од инфаркт во однос на бившите пушачи и луѓето кои никогаш не консумирале цигари.
ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА АРТЕРИИТЕ. Потребни состојки: 1 литар вода, 100-150 г суво грозје, 2 лажици сечкан корен од ѓумбир, 2 лажици мед, 4 лажици зелен чај во прав.
Постапка: Ставете ја водата на оган да зоврие, додадете го ѓумбирот, па исклучете го огнот и кога водата малку ќе подизлади, додадете го зелениот чај. Оставете да отстои (ако користите кесички пригответе ги според упатството и извадете ги по 3-4 минути). После 10 минути додадете го сувото грозје и медот.
Покријте го садот и оставете го да отстои 1-2 часа. Процедете го, а од течноста пијте по една чаша, двапати дневно, пред оброк. Остатокот чувајте го во фрижидер. Ќе забележите подобрување. Секако, потребно е да намалите внес на сол и масти. Сувото грозје кое ќе набубри, исто така јадете го по 10-тина зрна наутро, исклучително се добри за срцето и жолчното кесе.