Рецепт и видео презентација на “Кујна за 10” – Раскостени батени во многу вкусен сос. Наместо пилешкото малку да го пропржевме на тава, што никогаш не е лоша опција, одлучивме да направиме супер вкусн сос исочно пилешко месо.
Процесот трае подолго за некои 20-тина минути, но резултатот е сигурно вреден за чекањето. Ова беше едно од највкусното пилшеко месо што некогаш сме го јаделе.
Потребни состојки: пилешки батаци, масло, сол, сув зачин (вегета), црн пипер, црвен пипер, путер (по желба), 100 мл доматен сос, 2 лажици брашно.
Постапка: Пилешките батаци засечете ги по средината во правец на мускулните влакна за полесно да ги отстраните коските. Чистото месо без коска зачинете го со малку сол, сув зачин, црн пипер (а може да додадете кари, куркума, малку сенф или било кој друг зачин по ваш вкус).
Во нелеплива тава загрејте малку масло па спуштете ги парчињата месо и пржете ги од двете страни додека убаво да заруменат. Свртете ги два-три пати, па кога ќе заруменат убаво, врз секое парче ставете по мало парче путер и оставете од топлината да се растопи.
Додадете малку вода, околу 100 мл и оставете го месото да се динста на умерена температура. Потоа додадете и 100 мл доматен сос и промешајте го во течноста. Наросете и една лажичка црвена зачинска пиперка во прав. Динстајте уште 15 минути на средно-умерена температура.
На крај додадете една лажица брашно и малку вода, па динстајте уште 5 минути додека да згусне состот и да добие поубава текстура. Послужете ги топли со компир пире, варен ориз или нешто по ваш вкус. Деталите од постапката моѓете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.