Рецепт и видео презентација на Бригита Хусиќ – “Фаширани шницли”. Плескавиците на мајка ми, толку се вкусни и меки, а месото е компактно и не се распаѓа, што секогаш кога и да ги направам, се изедуваат до последното парче и ми бараат уште. Пробајте да ги направите според овој рецепт, нема да се покаете.
За да ги приготвите овие сочни и вкусни плескавици ќе би бидат потребни следните состојки за 12 парчиња: 1 кг мелено мешано месо, 1 поголема главици кромид од 200 г, 4 чешниња лук, 1 семела или дебело парче леб, 1,5 лажичка сол, половина лажичка црн пипер во прав
Постапка: Земете една поголема главица кромид, излупете ја, а потоа исечете на коцкички колку што можете поситно (може и да го сомелете кромидот или многу ситно да го исечкате на “сечко). Земете едно парче семела или подебело парче леб, па натопете го во вода.
Во еден длабок сад каде ќе ја замесите смесата ставете 1 кг мешано мелено месо (половина говедско, половина свинско месо), па додадете го ситно сечканиот кромид, посолете со 1,5 кафена лажичка сол, половина лажичка црн пипер и натопениот леб, малку исцеден.
Лебот не го цедете целосно зошто потребно е да има и малку вода во месото. Издробете го со прстите, па започнете да ја месите смесата со раце, толку долго, додека да се создадат “кончиња” и дојде до соединување на сите состојки, а смесата да се изедначи.
Во смесата исто така, се додаваат и четири чешниња лукче, многу ситно исечкани или провлечени низ преса, но ако во моментот немате (како мене), ставете малку лук во прав со покрупна гранулација. Сепак, најдобар вкус и мирис се добива со свежо исечканиот лук.
Вака измесеното месо поклопете го со алуминиумска фолија и оставете го во фрижидер да “одлежи” најмалку два часа (а можете да ја приготвите смесата и од претходниот ден). За тоа време ќе се поврзат соковите и вкусовите и смесата ќе созрее убаво.
За формирање на шницлите: Во една чинија ставете остро или обично брашно и земете малку меѓу дланките, па протријте ги за да ви се извалкаат. На тој начин нема да ви се лепат рацете кога ќе го зафаќате месото. Црпнете од смесата со голема лажица, па формирајте топка.
Откако со дланките ќе формирате топка, малк сплескувајте ја постепено, а притоа дланките набрашнувајте ги за да не ви се лепи и полесно да се формираат плескавиците. Потоа и шницлата малку набрашнете ја и одложете ја врз хартија за печење.
Величината на плескавиците сами ја одредувате, па може да правите поголеми или помали шницли, а да имаат дебелина од еден центиметар. Загрејте масло во нелеплива тава на умерена температура, па спуштајте ги во него приготвените плескавици.
Пржете ги по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат. На мојата рингла мах е 9, а јас маслото го загреав на 6 и на оваа температура ги пржев плескавиците. Се вртат дури откако долната страна добро ќе зарумени. Вкупно се превртуваат по двапати, значи секоја страна се пржи по двапати.
Пржените шницли вадете ги од маслото, малку исцедувајте ги, па ставајте ги во длабоко тенџере и поклопете ги за да ја сочуваат топлината додека другите да се испржат. Сите детали од постапката за приготвување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.