Денес со вас ќе споделам еден трик како на едноставен начин да ја исчистите пеглата кога случајно ќе ви загори од синтетички-најлон ткаенина, која доколку се допре до врелата плоча, веднаш се топи, гори и се лепи за пеглата.
Колку и да се обидувате, оваа загорена дамка не можете со ништо да ја извадите.
Дури, ако ја гребете со нешто, многу лесно би можело да се случи да ја оштетите плочата.
За среќа, постои еден многу ефикасен метод со кој на лесен и едноставен ќе ја исчистите и таа повторно ќе светне како нова. Ќе ви бидат потребни само неколку состојки.
Потребни состојки: една крпа, било каква имате, и верувале или не, парацетамол кој се користи како лек за намалевување на температурата.
Истиов метод може да се направи ако се искористи и аспирин, јас ги испробав и едниот и другиот и можам да ви кажам дека и двата функционираат.
Еве што треба да направите: вклучете ја пеглата во струја и вклучете ја најголемата можна температура, а пареата исклучете ја.
Во текот на овој процес мора да бидете многу претпазливи и да внимавате да не се изгорите. Таблетата е многу малечка и многу лесно може да се случи да ги повредите прстите.
Затоа, најдобро е таблетата да ја фатите со пинцета и со нејзина помош да ја протриете валканата површина од плочата на пеглата. Кога ќе се растопи таблетата, заменете ја со друга таблета и продолжете ја постапката сè додека има нечистотија.
Аспирин таблетите се помали и малку потешко оди со нив целиот процес, но затоа пак таблетите на парацетамолот се поголеми, па нив можете да ги фатите дури и со рака.
Протријте ја добро површината со прстите и ќе забележите дека сета нечистотија веднаш излегува.
Само пребришете ја растопената нечистотија со било каква крпа и погледнете магија – плочата ќе светне како нова.
Она што би сакала да ви го препорачам додека го правите ова е да ги отворите прозорите или да ставите маска, бидејќи иако е безбедно ова да се прави, сепак се чувствува мирис од загореното.
На овој начин за многу кратко време може да се отстранат навистина тешки тврдокорни дамки и тоа без никакво гребење и оштетување на плочата. Вашата пегла додека трепнете ќе светне како нова. Целата постапка можете да ја видите во видеото ОВДЕ.