Количината на ова јадење може да задоволи три-четворица возрасни луѓе, освен ако некој јаде поголеми порции.

Јадењето се приготвува во плех со димензии 18х23 см или приближна величина. Рецепт и видео презентација на Бригита од Кујната на Бригита Хусиќ.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

800 г компир, 200 г спанаќ, 2-3 чешниња лук, 100 г кромид или една главица, 1 коцка зеленчукова за супа, 200 мл вода, 2 лажици брашно, половина лажичка црвена мелена зачинска пиперка во прав, 1 лажица доматно пире или кечап.

Постапка: компирите добро измијте го со ладна вода, па излупете го и исечете го на крупни коцки или на парчиња со величина по ваша желба. Потоа повторно измијте го и измијте го.

Посолете го, долијте вода и ставете го на оган да се вари. Додека компирот се вари, вие ситно исечкајте една главица кромид (приближно околу 100 г).

Ситно сечканиот кромид распоредете го на дното од плех со приближни димензии од 18х23 см, Полијте малку масло за готвење. Вака приготвениот кромид (без никакви зачини, само малку масло) ставете го во загреана рерна на 180 степени со вентилатор, или 200 степени во обична рерна.

Печете го кромидот додека да омекне и малку да зарумени, а потоа извадете го од рерна. За тоа време и компирот ќе омекне и ќе се свари. Во посебен подлабок сад ставете две супени лажици брашно, половина лажица црвен пипер и малку вода, околу 200 мл.

Со жица маталка убаво изматете го брашното да нема грутчиња. Додајте и една супена лажица доматно пире за да се збогати вкусот.

Промешајте и добиената смеса прелијте ја преку печениот кромид. Две поголеми чешниња лук ситно исечкајте ги, а ако сакате може да додадете и повеќе.

Ситно сечканиот лук наросете го врз кромидот и преливот. Промешајте, а потоа додајте ги и коцките варен компир.

Одозгора компирот наросете го ситно издробена коцка за супа или пак со сув зачин (вегета или сол, кој што сака). Промешајте ја содржината, да се натопат компирите рамномерно.

Одозгора наредете 200 г спанаќ (ако е свеж избанширајте го, а ако е смрзнат, одмрзнете го).

Откако ќе го распоредете спанаќот, издробете сирење околу 80 г по ваша желба (40 г солен кајмак и 40 г кравјо сирење за пити). Наросете го одозгора врз спанаќот.

Вака приготвеното јадење вратете го во рерна да се пече, а после околу половина час до 40 минути прелијте го со смеса приготвена од една полна лажица брашно, 140 мл млеко и малку сув зачин. Во смесата додајте и рендан кашкавал/моцарела околу 110 г.

Пред да ја прелиете смесата со помош на лажица направете мали расцепи помеѓу компирите за да може да продре насекаде.

Потоа црпете со лажицата од смесата и полнете ги направените дупки. Вака рамномерно распоредете ја целата смеса помеѓу компирите.

Вратете го јадењето во рерна да се допече уште 20-тина минути или прилагодете според вашата рерна.

Моцарелата треба одозгора добро да зарумени. Ова е уште еден вкусен начин на кој можете да го приготвите компирот, се надевам дека ви се допадна. Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.