Д-р Иван Павловиќ Неумивакин е доктор на медицински науки, научник и публицист. Голем број години поминал работејќи и истражувајќи во областа од космичката медицина, ја изградил првата болница на руското космичко летало. Автор е на повеќе од 200 научни трудови и 40 книги.
Добитник е на Државната премија и Руска академија на природните науки. Развил свој систем на лекување со употреба на хидроген, сода и физички вежби. Доколку сакате, можете да го погледнете неговото објаснување во видеото каде е поставен линкот. Тој во него вели:
“Во многу мои книги тврдам дека срцето не се наоѓа тука (покажува на левата страна од градниот кош). Ние во официјалната медицина имаме 10 специјалисти за срце, па затоа, тоа е дрска изјава, зар не? Но, јас правилно говорам. Срцето е мотор кој пумпа течност.
А во тој мотор има повеќе од 500 мускули. Овие мускули мора да работат, како пумпи..а кај нас, основната пумпа се наоѓа од пупакот надолу, и ги опфаќа како нозете, така и рацете. Кај многумина се случува следното: Во пределот на торзото поминува 100 грама крв.
А надолу (во нозете) поминуваат само 90, а 10-те грама остануваат и предизвикуваат отоци, тромбофлебитис (венска тромбоза), непријатност и болка во нозете. Тоа се случува затоа што мускулите престанале да бидат активни. Многу малку се движиме, повеќе се возиме седнати во автомобил, не работиме физичка активност и седиме.
Постои една вежба која има способност да го ревитализира телото и да ја активира работата на мускулите. Кај мене доаѓале и луѓе со два инфаркта, на кои нивните лекари им рекле дека ако доживеат и трет, тоа би било крај за нив. Еве ги, тие живеат и по 5-10 години без инфаркт, без мозочен удар и без проблеми во нозете, благодарение на оваа вежба.
Оваа вежба треба сите да ја прават. Пред сè ова е безбедна вежба. Одберете едно стабилно дрво чие стебло можете да го опфатите со рацете. Фатете го дрвото во висина на вашиот папок. Застанете исправени паралелно со стеблото на дрвото на одалеченост од 20-30-тина центиметри.
Испружете ги рацете цврсто држејќи се со дланките за стеблото. Одалечувајќи се од дрвото, малку свиткајте ги нозете во колената како да се обидувате да седнете. За цело време треба да ви работат само колената. Безбедно е бидејќи цврсто се држите за дрвото.
Вратете се во првобитната положба и повторете го движењето. Овие движења се еден вид сквотови (“чучњеви”) при кои се активираат мускулите на стомакот и нозете (во видеото докторот го прикажува изведувањето на вежбата). Жените кои се во поодминати години треба постепено да ја совладуваат вежбата.
Истото важи и кај оние кои започнала артозата (заболување на зглобовите, коксартроза – на колкови), на почетокот не треба да ја изведуваат вежбата до крај, туку да одат малку по малку, според можностите, по 10-15 см. А после 1-2 месеци, ќе можете да “седнете” до долу.
Како прво, ова ги тренира и активира мускулите на грбот, потоа и стомачните мускули (а рацете се цело време испружени). Кога ќе се уморите од изведувањео на вежбата, одморете се, прошетајте малку, па повторно продолжете. После 2-3 месеци, треба да изведувате минимум по 100 “сквотови/седнувања” во една серија.
Кај мене просечно сите болни пензионери оваа вежба ја изведуваат по 300-400 пати. За два-три месеци ќе имате нормален крвен притисок, а од срцето ќе падне сиот терет. Пумпите добро ќе работат, а срцето ќе си ја исполни својата мисија. Тоа работи како приемник.
Кога крвта не е чиста, тогаш срцето има потешкотии во својата работа и не може да ја испумпа, а мора. Затоа користи многу сила за да испумпа крвта до сите делови на телото и потоа да ја врати назад. Откако ќе се совлада оваа вежба, ваквите проблеми исчезнуваат.
Постоеше еден човек, Борис Јефимом кој доживеа 108 години. Тој беше витален и до последниот ден можеше да ја изведува оваа вежба по 100 пати. Дури и последниот негов ден од животот, тој беше витален и свесен. Вечерта си седел со својот внук, пиеле чај и потоа рекол дека е уморен и заминал да си прилегне.
Па така, вечерта си легнал, а во три наутро издивнал. Замислете си ја таа активност до последниот ден! Моите пациенти со претходен инфаркт, можеа да ја изведат оваа вежба по 300-400 пати. Кај нив веќе инфарктот нема да се повтори и ќе немаат проблеми.
Ќе немаат мозочни удари, ниту отоци на нозете, крвта кај нив добро циркулира како добро поврзан механизам. Покрај оваа вежба, добро е да пиете и сода бикарбона, една мала лажичка сода во чаша топла вода. На почетокот започнете со помала количина.
Почетната доза може да биде половина лажичка сода бикарбона растворена во топла вода. Три дена консумирајте вака, па направете три дена пауза. Ако телото нормално го прифати таквиот третман, дозата може да се зголеми на една лажичка. Повторно земајте три дена, па направете исто толку дена пауза.
Растворот пијте го наутро и навечер, 20-30 минути пред оброк. Содата ги чисти крвните садови, но задолжително мора да ги правите овие вежби. Ако не ги правите вежбите, тогаш проблемот се враќа во вид на проширени вени, тромбофлебитис, ганг-рена и други сериозни состојби”, заклучува докторот. Видеото погледнете го ОВДЕ.