Јунешкото месо е познато како нешто “потврдо” и “потешко” месо од телешкото, па затоа му е потребно подолго време за готвење, народски кажано, повеќе “тинтарење”. Ова е рецепт за приготвување на неверојатно меки јунешки шницли кои според сочноста можат да се споредат со телешките.
Јунешкото се динста 90-120 минути, а вода се долева на секои 15-20 минути, односно 4 пати по 200 мл. Рецептот и видео презентацијата се на “Кујна за 10” – “Јунешки шницли во сафт”. Ќе ви бидат потребни околу 600 г јунешко месо исечени во шницли, како и разни зачини:
Сол, рузмарин, ловоров лист, црн пипер, црвен пипер, лук, корен од целер, пиперка, кромид, морков, 50 мл доматен сос, брашно. Постапка: Шниците добро изработете ги со чеканот за толчење за да бидат убаво тенки, па зачинете ги од двете страни со сол и малку рузмарин.
На страна исечкајте го зеленчукот: 2 чешниња лук. Малку корен од целер, една пиперка, една главица кромид и три моркови. Исечканиот зеленчук пропржете го во тава околу 5 минути. Додадете 200 мл вода и оставете 15-тина минути да се динста додека водата да изврие.
Наредете ги шницлите во тавата и пропржете ги заедно со зеленчукот по неколку минути од двете страни (по 3 минути). Додадете 200 мл вода и оставете да се динста 15-20 минути, додека водата целосно да испари. Повремено месото превртујате го.
После првите 20 минути днстање, додадете ловоров лист и повторно долијте 200 мл вода и повторно динстајте 15-20 минути. Извадете го месото на чинија, додадете 200 мл вода за последен пат и зачинее по желба: сол, црн пипер и црвен пипер, па вратете го месото и динстајте 20 минути.
Измешајте една супена лажица брашно и 400 мл вода, па додадете и гответе уште 15 минути. Јунешкото месо е готово. Напомена: секое потврдо месо мора да се динста со постепено долевање на вода, на повеќе наврати, но затоа пак, шницлите и сосот што ќе ги добиете се толку многу вкусни, што навистина вреди за сиот труд. Деталите од целата постапка може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
II РЕЦЕПТ – Јунешки шницли, може да ги приготвите на различни начини, но вака излегуваат меки и сочни. Јунешките шницли се јадење кои сите гурмани го сакаат. Може да се приготват на различни начини, но секогаш е потребно малку повеќе време и состојки за да бидат на крај меки и сочни.
Испробајте го овој рецепт за царски шницли… Потребни состојки: 8 јунешки шницли, 4-5 главици кромид, 200 г месната сланина, 100 мл масло, 200 мл бело вино, 200 мл вода, сол и црн пипер по вкус, 1 полна лажица густин/нишесте/скроб, по потреба вода.
За прилог: 500 г смрзнати компирови њоки или нешто по ваш избор. Постапка: Јунешките шницли добро исчукајте ги со чекан преку најлон кеса, или кога ќе ги купувате замолете во месарата да ги поминат низ пресата. Потоа зачинете ги по вкус.
Кромидот исчистете го и исечете го на коцкички, меснатата сланина исто така исечете ја на коцки. На малку масло пропржете го кромидот додека да зарумени. Во посебно длабоко тенџере со средна величина, ставете го остатокот од маслото, па распоредете половина од шницлите на дното.
Преку нив наросете половина од кромидот и сланината. Наредете го остатокот од шницлите и наредете го остатокот од кромидот и сланината. Ставете и ловоров лист одозгора. Измешајте ги виното и водата па прелије ги шницлите. Поклопете и гответе два часа на средна температура со повремено долевање на вода, по потреба.
Пред крај од готвењето еазматете густин во малку ладна вода, па прелијте преку шницлите. Оставете да се довари за да може сафтот да згусне. Пригответе прилог по ваша желба, а кај мене тоа беше јогурт њокички./Coolinarika.com
III РЕЦЕПТ – Сочни јунешки шницли по рецептот на свекрва ми – никој не знае вака да го приготви месото! Многу се вкусни, вака приготвени се топат во уста како локумчиња. Потребни состојки: 4-6 парчиња јунешко месо, 5-6 чешниња лук, Сол, црн пипер, 1-2 лажици брашно и вода.
За динстан ориз: ½ главица кромид, 50 мл масло, 1 шолја ориз и сол, црн пипер по вкус, 3 шолји вода или месна база (супа). Постапка: Шницлите исчукајте ги да бидат тенки. Посолете ги и побрашнете ги обилно од двете страни. Загрејте го маслото, па испржете ги од двете страни да заруменат.
Вадете ги на страна. Во маслото каде сте ги пржеле шницлите пропржете го лукчето кратко и веднаш потоа залијте со вода, посолете и запиперете, додадете вегета и вратете ги шницлите во тој сос. Оставете на тивко да крчкаат најмалку час и половина до два часа, додека месото целосно да омекне и речиси да почне да се распаѓа.
Секако, не смее да се распаѓа, пробајте со виљушка или нож дали е меко. Повремено промешајте со лажица за да не се залепи за дното и ако е потребно повремено дотурајте вода. Оризот измијте го во врела вода, загрејте масло и пропржете го сечканиот кромид.
Кога ќе застакли кромидот, додадете го оризот и пржете со постојано мешање, неколку минути. Кога оризот ќе започне да се лепи за дното на садот, налејте вода или база, па додадете зачини. Оризот исклучете го откако ќе врие 5 минути, поклопете и оставете да набубри.