Направете масло со оваа билка кое ќе ве спаси од проблемите со гасови во стомакот: Масло од коморач/морач/македонски анасон/ Foeniculum vulgare. Маслото од коморач се користи во фармацевтската индустрија но и во народната медицина како средство против подуеност на стомакот.
Освен тоа, се користи и за поттикнување на дигестијата, за ослободување од слуз, за поттикнување на продукција на мајчино млеко, за промивање на воспалени очи, како и за козметички облоги. Содржи етерични масла, витамин Ц и Е, како и калиум. Ја поттикнува добрата дигестија и го смирува нервниот систем.
Коморачот е познат по својата способност за ослободување од гасови. Семето од оваа билка делува против спазми и ги ублажува грчевите во желудникот. Богат извор е на калиум, па добро влијае и за здравјето на срцето. За луѓето кои ја сакаат типичната западна исхрана, со внес на коморачот во својата исхрана може да го редуцираат високиот притисок.
Влегува во состав на детските чаеви. Многу поволно делува против стомачни болки кај бебињата (чај од семе на коморач). Фотографија и рецепт на Маја Вебер – Маслото од коморач се приготвува многу едноставно: наберете свежа билка, само меките делови, бидејќи гранчињата се жилави.
Потоа наполнете го блендерот колку што собира, додадете маслиново масло и изблендајте. Содржината ставете ја во тегла и дотурете маслиново масло, да има барем два прста над билката. Маслото се чува во фрижидер и се користи уште следниот ден, со додавање во јадења или по потреба во лековити цели.
Најдобро е да се искористи максимум во рок од три месеци. Користење и дозирање на маслото: наутро на гладно и навечер пред спиење по една мала лажичка. Дознајте повеќе за МАКЕДОНСКИ АНАСОН – Македонскиот анасон (Foeniculum vulgare) е многу важна лековита, ароматична, зачинска, медоносна, хранлива и индустриска билка.
Како двегодишна или повеќегодишна билка расте диво или полудиво, а најзастапена е во Јужна Европа. Има вретенест корен, со разгрането стебло до висина од 1-2 метри. Листовите се иглесто кончести, како и кај другите мирудии. Воопшто анасонот наликува на мирудија, но е покрупен, поразгранет, посилен и поголем.
Има жолти цветови кои наликуваат на големи штитови на врвот од стеблото и гранчињата. Целата билка има силен и пријатен мирис кој особено се ослободува кога ќе се протрие низ прстите. Има сладок вкус и е многу ароматичен. Затоа, несомнено, анасонот го нарекуваат „слатка мирудија“.
Постојат и „лоши“ видови на анасон кои се познати по лутиот и горчливиот вкус, како и по помалку пријатниот мирис. Речиси во сите земји со топла клима се одгледува анасонот. Се сее во март на растојание од 40х40, а бара длабока, добра земја и многу топлина.
Се бере зрелиот плод кој е целосно зрел кога на него ќе се појават сиви линии. Употребата на анасонот и неговото етерично масло е многу честа и разновидна. Плодот од анасон посебно или во мешавина со други лековити билки со слично дејство, се користи првенствено за лекување на органите од дигестивниот тракт.
Исто така, се користи и за лекување на белите дробови, како и за јакнење на апетитот. Често се употребува за корегирање на непријатниот мирис и вкус на лековите, и повеќе или помалку се состои и во лековите за олеснување на искашлувањето.
Кај нас е неопходен зачин во кујната, бидејќи во нашата исхрана е застапен гравот, зелката и други намирници богати со целулоза која тешко се дигестира и предизвикува мали тегоби во органите за варење. Употреба во кулинарството – Свежи листови од анасон се употребуваат во сосови, супи и намази.
Мелен, а понекогаш и цел плод се додава во брашното за печива и леб. Претставува еден од важните зачини за производство на ракијата анасонка. Најмногу анасон трошат дестилариите на етерично масло, бидејќи од година на година расте потрошувачката на ова масло за производство на ликери, бонбони и други слатки и средства за уживање.
Доколку ве интересира, прочитајте ја и следната статија: Ако мака мачите со подуен стомак и гасови, тогаш треба да го пробате и ова, зошто лекот понекогаш е многу евтин, ако го знаете. Доколку гасовите и подуеноста ве мачат уште рано наутро, тогаш грицкајте го ова евтино семе и ослободете се од подуениот стомак.
Едноставен совет за спречување на гасови во цревата и подуеност на стомакот: Подуеноста на стомакот ги измачува голем број на луѓе, барем во некој период од животот, па затоа не треба да се чувствувате непријатно поради оваа тегоба. Причините можат да бидат многубројни:
нетолерантност на некоја храна (глутен, лактоза…), недоволна желудечна киселина, недоволно сварена храна, оштетена цревна слузокожа, кандида во цревата, бактерија во цревата, пореметување на функцијата на цревата, опстипација (запек), стрес, голтање воздух при јадење, газирани пијалаци и слично.
Гасовите во стомакот може да доведат до многу непријатни болки во стомакот, па затоа, многу е важно да ги спречите или да ги ублажите што поскоро. Едно од природните средства кое ќе ви помогне, а притоа е евтино и погодно за употреба – е семето од анасон.
Оваа вкусна билка, не само што ќе ви ги смири тегобите, туку и пријатно ќе ви го освежи здивот. Анасоновото семе одамна е познато дека се користи за смирување на грчевите, за зајакнување на желудникот, го подобрува варењето на храната и ги отстранува штетните сокови од организмот.
Исто така, ја чисти крвта и ги зајакнува нервите. Ги чисти белите дробови, желудникот и бубрезите, ги зајакнува дигестивните органи, ја поправа неуредната столица и помага при несоница. Ова семе не е многу скапо и можете да го купите од секој поголем маркет или Билна аптека.
Доболно е после оброк да соџвакате полека неколку семиња анасон, особено после обилни оброци. Навечер, кога сте дома, можете да направите и чај: Сварете половина лажичка семе од анасон во 200 мл вода и оставете да отстои 10-тина минути. Процедете и пијте. Анасонот не само што го помага варењето на храната и ги спречува гасовите, туку и делува како благ диуретик и го ослободува организмот од вишок вода.