Ова се вежби кои помагаат за болни рамења, раце и вратна спондилоза, а ми ги препиша доктор, одлични се и редовно ги применувам, вели Ивана Плечингер во својата видео презентација. Објаснување и видео: Ивана Плечингер – “Овие вежби за рамења и вратен ‘рбет ми ги препорача лекар.
Ги пробав и морам да кажам дека се одлични! Ефикасни се и лесни, не траат долго, угодни се како масажа, а што е најважно – помагаат! За сите нас кои предолго време поминуваме пред компјутер или мобилен телефон – тоа е чиста уживанција од чувство, како да сте биле на масажа.
Па, уживајте! Уверена сум дека овие вежби ќе ви бидат многу корисни и затоа ги споделувам со вас на мојот јутјуб канал. Некаде на почетокот од мај месец ми се јави болка во десното раме која мигрираше долж раката. Во еден миг не можев да ги издржам болките, па отидов на преглед кај физијатар.
Докторот ми рече дека проблемот најверојатно потекнува од вратниот ‘рбет и дека ова е многу честа појава. Докторот ми рече дека единствена работа која може да помогне при еден ваков проблем, е секојдневно да се вежба, наутро и навечер, барем двапати дневно, а покрај тоа да се прават и масажи.
Вежбите е потребно да се изведуваат во легната положба на под, но бидејќи јас немам можност да ги снимам на тој начин, ќе ви ги покажам во исправена положба – вели Ивана. Значи, првата вежба е да легнете на под (за почеток, а потоа зголемувајте го бројот на повторувања, колку можете).
Потоа ќетири пати треба да ги подигнете рацете над глава и да ги вратите покрај телото. Притоа ќе почувствувате болка и затегнување. Потоа опфатете ги рацете за лактовите како прегратка, па додека ги движите кој една страна, главата ја вртите кон спротивната страна (погледни видео).
Се повторува 4 пати на секоја страна. При изведување и на оваа вежба може да чувствувате болка, но докторот ме посоветува да не се претерува и да се изведува до граница на болка – вели Ивана. Трета вежба се изведува (на под или во стоечка положба) со свиткани раце во лакти.
Дланките треба да се свртени пред вас, спуштени паралелно со подот, па се подигаат во висина на главата (види видео). Следната вежба ми беше најтешка: од третата вежба, се преминува на оваа, така што дланките сега се вртат една кон друга и се соединуваат додека за цело време рацете се свиткани во лактите под прав агол. Потоа се отвараат и се повторува вежбата. Остатокот од вежбите можете да го погледнете во видеото ОВДЕ.
Стар природен рецепт за остеопороза – ми го дадоа кога правев тест во Пролом бања. Рецепт и видеот прилог на Лилјана од Кујната на Лилјана – Старогрчки природен рецепт за остеопороза. Бев во Пролом бања и правев тест за остеопороза за да ја проверам состојбата.
Техничарите кои работат таму ми го дадоа овој старогрчки рецепт за превентива од остеопороза. Овој природен лек може да се користи како превентива, бидејќи секогаш е подобро да спречи отколку да се лекува. Сите состојки се природни и хранливи, секоја посебно.
Потребни состојки: 10 лажици мелено ленено семе, 5 лажици мелен сусам, 5 лажици мелени семки од тиква, 5 лажици мелени пченични зрна, 5 лажици семки од сончоглед, 3 лажици суво грозје, 1 литар ливадски мед. Постапка: Сите состојки ставете ги во блендер за мелење и добро иситнете ги.
Внимавајте да не претерате за да не дојде до одвојување на мастите од семето. Пченицата е најтврда, па затоа можете претходно една ноќ да ја натопите во млака вода, па да ја исцедите и сомелите (или уште подобро, би можеле да користите и пченични ‘ркулци).
Состојките постепено промешајте ги со медот додека да добиете еднолична хомогена смеса. Смесата складирајте ја во добро затворена стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер. Употреба: По една лажица пред појадок и пред ручек. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.