,,Порано речиси секој втор месец бев со сумамед, а после овој сируп веќе не кашлам, ефект има веднаш по првиот ден”. ,,Овој сируп за искашлување го препорача еден педијатар на ТВ и додека сум жива ќе му бидам благодарна!”, вели жената која го објави овој рецепт, за кој тврди дека многу и помогнал.
Овој рецепт го препорача еден педијатар на телевизија, па од кога знам за него дома немаме сува кашлица, а продуктивната кашлица многу брзо поминува. Дури и она грепкање во грлото и чувство дека имате нешто да искашлате ама не можете, го решеваме со помош на овој сируп.
После една силна пневмонија пиевме сумамед еднаш во два месеци а сега веќе немаме потреба. Можеби децата пораснаа и зацврстеа, а можеби овој сируп е многу добар. Пробајте го па кажете ми дали сум си умислила во главата или нависина е ефикасен. Како и да е, јас на овој доктор ќе му бидам вечно благодарна, додека сум жива.
За да го приготвите овој природен лек ќе ви биде потребно: 1 кг црвен кромид, но може и обичен кромид иако овој е најдобар, 500 г мед, 10 ловорови листови, може повеќе или помалку. Се приготвува на следниот начин: Излупете го кромидот и исечкајте го на четвртинки.
Ставете го во тенџере заедно со ловоровиот лист (по можност во оние садови за готвење без вода) и додадете што е можно помалку вода. Јас ставам околу 100-200 мл вода. Се готви поклопено на најтивко, околу еден час или повеќе. Ако водата испари додадете уште.
Процедете на густа цедалка или уште подобро преку газа, бидејќи лекот е посилен колку што имате помалку отпад. Кога ќе излади помешајте го со медот и чувајте го во фрижидер. Се пие како сируп, трипати дневно, по две супени лажици, а ефектот се чувствува веднаш после првиот ден.
Од оваа количина обично добивам една тегла од 1 кг, иако многу зависи од самиот кромид. Смесата би требало да биде желатинеста, но се случува да излезе и течна, пак и ова зависи од тоа колку добро е процедено. Јас вадам од содржината и ставам малку на оган или може и во микробранова да се потстопли и да стане течно, па потоа им давам на децата.
Иако кромидот е основа за овој лек, вкусот не е лош бидејќи ловорот доста го подобрува, но вие можете ако сакате да си додадете и каранфилче или цимет за уште повеќе да го подобрите. Од лушпата на кромидот можете да сварите многу ефикасен чај за искашлување:
Измијте ги лушпите, сварете ги минута-две во вода и веднаш процедете. Ако ги варите предолго и не ги процедите веднаш, чајот станува малку горчлив. Коментари од оние кои го испробале овој сируп: Весна – јас го сакам вксуот на ловорот, ама кога го правев првиот пат малку претерав, ставив повеќе : )
Освен што го поништува мирисот на кромидот, исто така е делотворен против кашлица. Само што го направив овој сируп и веќе после две лажици полесно дишам! Ви благодарам за одличниот рецепт! Биљана – за сите кои имаат предрасуди во врска со кромидот, како и јас, немојте!
Кромидот навистина не се чувствува. Го направив и го пробав, вкусот е одличен. За да го подобрам вкусот додадов уште: мала лажичка цимет и ѓумбир во прав. Во моментов не кашлам, ама нека ми се најде во залихите. Ирена – мојот сируп излезе малку потемен и не е густ како желатин, можеби подолго време го готвев? Ама каков и да е, мене ми помогна.
Прво земам лажица по лажица, а сега ја подигам целата тегла и земам една добра голема голтка, бидејќи сама го пијам и сакам што поскоро да оздравам, бидејќи со ваква кашлица не можам да тргнам на работа. После три дена подобро се чувствувам, поткашлувам повремено и тоа за да го исфрлам шлајмот, а сега спијам цела ноќ без кашлање и немам болка во плуќата.
Сега се сетив на мојот доктор кој еднаш ми рече: “На луѓето им е полесно да испијат таблета отколку да си сварат чај”, и така е навистина. Се зат-рув од апчиња и ништо не ми помогна, а еве од обичен сируп од кромид веќе многу подобро се чувствувам. Гордана – Здраво, сирупот е сигурно добар, јас на своите деца им ја правам истата комбинација само што не го варам кромидот:
Една поголема главица кромид, не ја лупам, само ги отстранувам коренчињата, го сечкам на парчиња, но не скроз до крај, туку главицата ја ширам како лепеза и ја ставам во една чинија. Одозгора преливам 2-3 лажици мед. Ова треба да се покрие со проѕирна фолија и да се остави 3-4часа да отстои.
Кромидот испушта доста сок, кој се меша со медот и ова им го давам на децата да го пијат како сируп: по една лажичка на секои 4-6 часа. И самата настинав, со кашлица и бронхитис, па се лечев со ова. Кај сува кашлица 100% помага бидејќи автоматски го олеснува дишењето и содржината во плуќата многу побрзо “созрева”.
Ивона – можам да кажам само благодарам за овој рецепт, го направив и сè уште сум во фаза на искашлување, ама важно почнав да ги истерувам “ѓаволите”. Мирисот не е баш сјаен (така ми рекоа домашните додека го варев кромидот), ама бидејќи ми беше затнат носот ништо не осетив.
Вкусот ми е малку специфичен, ама затоа си капнувам неколку капки лимон и супер ми е. Македонка – на син ми кога беше мал му варев чај од кромид против кашлица и бронхитис. Минатата зима кога и јас кашлав, повторно го побарав овој рецепт и си сварив чај од кромид.
И многу ми помогна! Во еден литар вода се ставаат 3-4 главици кромид да се варат околу еден час, додека половината или барем една третина да испари. Се пие по една шолја млак чај наутро и навечер, без шеќер и без други додатоци. Исто така знам и за лек од црна ротквица и мед, ама лично не сум го користела, иако верувам дека помага.
Соња – Задолжително пробајте го, ова стварно делува, ФАЛА за рецептот! Биљана – Ви благодарам од срце, неодамна мајка ми го направи и се среди за 2-3 дена, а инаку нејзе кога ќе ја фати кашлица тоа знае и по месец дена да трае. Лиле – Веќе цела есен се борам со кашлицата, 3-4 пати бев на лекар, а тие се фатиле за цигарите, ми велат дека поради нив кашлам.
Такви се шведските лекари, не гледаат подалеку од носот. Еве два дена лежам со кашлица и температура, ги праќам моиве да ми купат одма кромид…Морам да ви дадам повратна информација…. четири дена бев под лекарки третман кога го направив овој сируп, денес ми е мнооогу подобро, да не речам – застанав на нозе.
Сирупот дефинитивно си го направи своето. Уште поткашлувам, ама има голема разлика, не ме болат градите и не ми е веќе страв да се искашлувам, исфрлам многу лесно цели парчиња шлајм. Еве уште еден многу ефикасен природен рецепт, испробан и со позитивно искуство:
,,Од овој бабин лек веднаш ми помина кашлицата – природно си е природно”, вели жената која го објави бабиниот лек кој многу и помогнал. Рецептов е испробан повеќепати и криво ми е што веднаш не се сетив на него. Секогаш помага, само не може одма да делува како со маг-ично стапче, туку мора неколку пати да се консумира.
Ама сепак, од првото пробување на напитокот веднаш се чувствувате подобро, тоа гарантирано, а колку повеќе го пиете овој природен лек, толку подобро се чувствувате. Мене овој чај – бабин лек, ме спаси од напорната кашлица. Еве три недели како сум веќе настината и секогаш кога сум болна прво се фаќам за апчињата.
Ама кога ќе видам дека не оди… тогаш ми текнува на овој чај. Испробајте го и уверете се сами, едноставно, наместо вода го пиете овој чај. Ова е еден стар, стар рецепт. Велат, настинката без апчиња трае 7 дена, а со апчиња исто 7 дена! Значи исто ти се фаќа, ама кај мене се развлече веќе трета недела како што сум болна и џабе пијам лекови.
Вчера и денес го пиев чајот и веќе ми е полесно и помалку кашлам, а уште малку и како нова ќе бидам. Да си го направев чајов уште на почетокот, кога ги добив првите симптоми на настинка, сега веќе ќе бев здрава. Потребни состојки: 2 литри вода, 1 јаболко, 1 лимон и 1 црвен кромид.
Постапка: Во тенџере ставете вода, па додадете добро измиено: јаболко, лимон пресечен на половина и кромид со пресечен корен (исчистен, без коренот). Ставете го тенџерето со состојките на оган и гответе ја содржината додека јаболкото да пукне и чајот да добие убава жолта боја.
Ако испари многу вода, тогаш додадете уште малку, да се надополни. Кога чајот ќе се свари, исцедете го лимонот што се вареше (ако има семки извадете ги), а јас дури и го јадам јаболкото. Чајот се пие топол и затоа е најдобро да си го ставите во термос за да не мора постојано да го подгревате.
Брзо делува, ве загрева и ве релаксира. Може да направите и двојна количина, зошто колку почесто и повеќе пиете толку ви е подобро. Јас правам помала количина и успевам додека е сè уште топло целиот чај да го испијам…Коментар на Благица Илиевска: “Јас го пиев пред две години (истиов чај). Имав тежок бронхитис.
Две дози испив јаки антибиотици, но кашлањето не запираше. Во мојот рецепт јас ставив два кромиди, еден цел лимон добро измиен, јаболка две до три и десеттина ореви со лушпа само малку поткршени. Напитокот се вари додека да се преполови течноста”, искоментира Благица Илиевска.