Кантарионот го спречува разградувањето на серотонинот, хормон одгпвпрен за добро расположение – откриваат најновите истражувања. Кантарионот или Бородична трева одамна е познат како лековита билка која се користи за третирање на различни болести.

Расте на ливади, пасишта, камени места, а цвета од мај до август, во зависност од поднебјето. Може да достигне и висина од 60 см, има специфичен мирис, горчлив вкус, а изобилува со железо, етерични масла, смола, каротен, колином и витамин Ц. Последните години кантарионот станува сè попопуларен за ублажување на симптомите од деп-ресија.

Имено, постојат бројни научни истражувања кои потврдуваат дека хиперфоринот, важна состојка во кантарионот, го спречува разградувањето на серотонинот, хормон одговорен за добро расположение. Благодарение на тоа, оваа моќна билка ги ублажува симптомите на деп-ресија и позитивно влијае врз состојбата на нашиот дух.

Кантарионот особено помага кај проблеми со несоница. Од кантарионот е изолиран мелатонинот кој се лачи во организмот во текот на спиење, па затоа оваа билка може да се користи и како ефикасен, а природен лек против несоница, инсомнија, односно кога имаме нарушување во сонот.

Покрај тоа, кантарионот дава добри резултати во лекувањето на гастритис, чир на желудник, болести на бубрег, црн дроб, слезина и мочен меур, изгор-еници, хемороиди…Исто така, треба да се напомене дека хиперцинот, најзначајната активна компонента во кантарионот со најголем број лековити својства.

Хиперцинот спречува развој на бактерии и вируси и други патогени микроорганизми, и на тој начин ги смирува воспал-ителните процеси во организмот. Кантарионовите препарати ги има многу и во различни форми. Може да се пие како чај, масло, таблети, па дури постојат и вагиналети.

Чајот од кантарион е одличен за санирање на воспалителни болни состојби на внатрешните органи. Ако на пакувањето не е поинаку назначено, чајот од кантарионот се приготвува на следниот начин: една лажичка сув цвет од кантарион се прелива со 200 мл зовриена вода.

Поклопено се остава да отстои барем 10 минути и се пие незасладено неколку пати во текот на денот. Од друга страна, за лековито масло за надворешни повреди се приготвува на следниот начин: четири големи лажици цветови кантарион оставете ги во тегла еден ден колку малку да овенат.

Потоа прелијте ги со еден литар маслиново масло и оставете ја теглата да отстои шест недели. Со ова масло се мачкаат хемороиди, егземи, осипи и други кожни проблеми. Кантарионот е добар и за варење, како додаток на белото ви-но: 40 г цветови од кантарион се прелива со литар квалитетно бело ви-но и се остава да отстои на топло место еден месец.

Потоа едноставно процедете го и пијте по по една мала чашка, двапати во денот пред јадење. Некои студии укажуваат на тоа дека кантарионот спречува и развој на мали-гни клетки, но ова дејство сè уште не е клинички потврдено. Богородичната трева, како што е позната кај народот, е најделотворна во лекувањето на проблемите со црниот дроб и жолчната кеса, но, најдетално е испитано нејзиното дејство врз деп-ресијата.

Клинички е докажано дека кантарионот може значително да го поправи расположението и да ги намали деп-ресивните состојби. Го намалува чувството на исцрпеност, умор и безволност. Помага и кај фобии и пореметување на спиењето. Успешно се користи и кај луѓе кои имаат потешкотии со спиењето и концентрацијата, а се препорачува и за жени во менопауза.

Во овој случај најчесто се користи чај или тинктура. Антидепресивното дејство настапува постепено и после две седмици се забележуваат промените. Тинктурата против депресија можете да ја приготвите од 20 г свежо исушени цветови. Прелијте ги со 100 мл 70% ал-кохол (се купува од аптека).

Оставете да отстои најмалку две седмици, а потоа процедете. Употреба: од 20 до 30 капки во половина чаша вода, 2-3 пати дневно. Терапијата треба да трае од четири до шест седмици, но пред користење посоветувајте се со вашиот лекар, особено ако имате тешки проблеми со анксиозност.

За чај против депресија: една до две лажички сув кантарион оставете да отстои во чаша врела вода 10 минути. Наутро и навечер се пие по шолја чај. За подобри резултати чајот треба да се пие од 4 до 6 седмици секојдневно. Напомена: Овој чај не се препорачува за трудници.