Веројатно веќе знаете дека зголемените леукоцити укажуваат на постоечка воспалителна реакција во организмот, меѓутоа, кога ќе ги погледнете резултатите од лабораториската анализа, воочувате одредени параметри кои воопшто не ви се познати.
За да не бидете загрижени додека го очекувате следниот лекарски преглед прашувајќи се што наговестуваат зголемените или намалените вредности на овие параметри, ви приготвивме еден водич за толкување или разбирање на резултатите од кр-вната слика.
Два вида анализи – Она што го нарекуваме кр-вна слика, всушност е хематолошка анализа каде се испитуваат видот, бројот, односот и изгледот на клеточните елементи, односно црвени и бели крвни зрнца и крвни плочки. Вториот вид е биохемиска анализа, кога на пример, се одредуваат триглицеридите, билирубин, креатинин, ензими, т.е.биохемискиот состав врз чија основа се проценува работата или состојбата на поедини органи.
Комплетна кр-вна слика – “Анализирањето на комплетната кр-вна слика е составен дел од рутинскиот лабораториски преглед со цел детекција на различни болести и состојби. Значајна е за откривање на присуство на инфекции, анемии, а исто така е многу значајна за следење на терапијата и закрепнувањето од болеста”, вели Кристина Даниловиќ, магистер по фармација – медицински биохемичар, во интервју за Е-Клиника.
Во компоненти на комплетната кр-вна слика се вбројуваат еритроцитите и еритроцитните параметри, хемоглобинот и хематокритот, кои се користат за разликување на типовите на анемија; потоа леукоцитите и нивните подвидови, кои се од значење за дијагностика на инфекции и леукемија, како и тромбоцитите, чија концентрација се менува кај поголемиот број заболувања и средна запремина на тромбоцитите.
Еритроцити и еритроцитни параметри – Еритроцитите се црвени крвни зрнца чија основна улога е да со помош на хемоглобинот да го транспортираат кислородот од белите дробови до другите ткива. Вредности пониски од референтните се присутни кај анемија поради недостиг на железо, фолна киселина, витамин Б12, како и после губиток на к-рв.
Симптоми за анемија се бледило, слабост, забрзана работа на срцето и намален крвен притисок. Зголемени вредности може да укажуваат на полицитемија, т.е. зголемена вискозност на кр-вта која доведува до успорување на циркулацијата и тромбоза.
Просечен волумен на клетките (MVC) – дава информација за големината на црвените крвни зрнца (дали се микро или зголемени). Намалената вредност се јавува кај анемии поради недостиг на железо, но и кај пореметување на синтезата на хемоглобинот (таласемија). Од друга страна, зголемите вредности укажуваат на анемија поради недостиг на фолна киселина и витамин Б12.
Просечна количина на хемоглобин во еритроцитите (MCH) претставува количина на хемоглобин по еритроцит. Намалена вредност е присутна кај анемии поради намалено железо, а зголемена кај недостиг на фолати и витамин Б12.
Просечна концентрација на хемоглобин во еритроцитите (MCHC) е прецизен параметар во однос на МСН, а намалени вредности се јавуваат поради недостиг на железо, додека недостиг на фолна киселина и витамин Б12, вредностите се во граница на нормалата. ШИРИНА НА
Дистрибуција на еритроцитите (RDW) укажува на постоење на една или повеќе популации еритроцити и се користи за дијагноза на анемијата, но и за процена на одговорот на пациентот на терапијата. Зголемените вредности се најчесто прв знак за анемија поради недостиг на железо.
Хемоглобин е протеин во еритроцитите кој го пренесува кислородот. Референтните вредности зависат од возраста, надморската висина, додека неговата концентрација главно е намалена кај повеќе типови анемии, па се користи за дијагноза на анемија, но не и за диференцијација на типот. Исто така, се користи за процена на концентрацијата на кислородот.
Хематокрит претставува запремнина на еритроцитите во 100 мл к-рв, изразено во проценти. Зголемен е кај дехидратација, полицитемија, хронично намалена концентрација на кислородот во кр-вта и ткивата, а намален е кај анемија, недостиг на железо, кр-вавење, хронични заболувања, бременост…
Леукоцити или бели крвни зрнца се клетки од имунолошкиот систем, а основна улога им е одбрана на организмот од микроорганизми, но и туморски клетки. Постојат два типа на леукоцити, гранулоцити (неутрофили, базофили, еозинофили) и агранулоцити (моноцити и лимфоцити). Зголемен број леукоцити се јавува и кај инфекции и леукемии, а намален е кај заболувања на коскената срж.
Неутрофили се зголемени кај акутни и хронични инфекции, некроза на ткиво, метаболички пореметувања и некои леукемии, како и после физичка активност. Намален број се јавува кај силни инфекции, после зрачење и примена на хемиотерапија или лекови кои ја спречуваат активноста на имунолошкиот систем. Најтежок облик на намален број на овие леукоцити е агранулоцитоза.
ЕОЗИНОФИЛИ се зголемени кај астма, инфекција со паразити и алергиски реакции. БАЗОФИЛИ може да бидат зголемени кај хронични воспаленија, состојби на засилена чувствителнбост, леукемија, како и кај намалена работа на штитна жлезда.
Лимфоцитите се делат на Т и В лимфоцити, а нивниот број е зголемен кај бактериски и вирусни инфекции, но и кај метаболички болести и хронични воспалителни состојби. Намален број се јавува кај тешки за-болувања, а нивната содржина е значително намалена кај имунодефициентниот синдром.
Моноцити се зголемени кај инфективни болести, маларија, инфекција на внатрешниот слој од срцето, леукемија и заболувања на сврзното ткиво. ТРОМБОЦИТИ – играат значителна улога во процесот на создавање на крвно згрутчување и сопирање на кр-вав ењето.
Нивниот број е намален кога коскената срж не е во можност да ги произведува, на пр.во случајот на апластична анемија, леукемија и инфекција со ХИВ вирус, како и во ситуации кога доаѓа до периферна деградација на кр-вните плочки. Бројот на тромбоцитите може да биде зголемен после отстранување на слезината, хронични инфекции, воспалителни и малигни заболувања. Ризикот од кр-вавење е значително зголемен доколку бројот на тромбоцити е помал од 20×109 клетки по литар.
Средна запремина на тромбоцитите (MPV) претставува однос помеѓу величината и бројот на тромбоцитите. Кај намален број на тромбоцитите во кр-вта, зголемената вредност на MPV параметрите укажува дека причина за проблемите не е самото создавање на тромбоцитите, додека намалената вредност го покажува спротивното.
Лекарот ја дава процената – “Во никој случај не е оправдано самостојното толкување на резултатите, како ни воведување на терапија без лекарски надзор” додава Кристина Даниловиќ. Иако познавањето на споменатите параметри може да ни овозможи подобро разбирање на личната здравствена состојба, јасно е дека причините за отстапувањата од референтните вредноти може да бидат различни.
Затоа е неопходно лекарот да донесе стручна процена за преземањето на следните чекори во смисла на детални дијагностички методи и да ја одреди соодветната терапија. “Лекарот врз основа на прегледот и сомнеж за одредена болест или состојба, упатува на одредени хематолошки и биохемиски параметри, а резултатите од анализата му помагаат во понатамошната дијагностичка процедура и терапија”, заклучува Даниловиќ.