Рецепт и видео презентација на Мои Домашни Рецепти – крофнички за 10 минути. Многу се вкусни, како што велат – лапни голтни. Може да ги приготвувате како десерт или закуска, а децата ќе ги обожаваат. Еве што ви е потребно за да ги приготвите.
Потребни состојки: 1 јајце, 1 ванилин шеќер, 2 супени лажици шеќер, 100 мл млеко, 10 супени лажици брашно, 10 г прашок за печиво. Уште ќе ви биде потребно длабоко масло за пржење на крофничките, шеќер во прав за наросување одозгора и чоколадо за готвење – растопено како глазура.
Постапка: Во длабок сад за мешање ставете едно јајце, една кесичка ванилин шеќер и 2 супени лажици шеќер. Изматете го пенесто јајцето со помош на жица за матење. Матете додека да се растопи шеќерот.
Во смесата додадете 100 мл млеко, па уште малку промешајте и додадете 10 супени лажици брашно и една кесичка прашок за печиво (10 г). Со маталката изедначете ја смесата. Добро изматете додека да добиете густо тесто.
Во длабоко тенџере загрејте масло да биде со околу 2 см длабочина. Со лажичка црпете од тестото и спуштајте во умерено загреаното масло. Крофничките брзо нараснуваат и заруменуваат. Пржете ги од двете страни и вадете ги со решеткаста лажица.
Одозгора наросете ги со шеќер во прав и топено чоколадо. За кратко време имате многу вкусни мини крофнички исто како оние од ГТЦ. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.