Сите сакаат мека пита со сирење и крцкави кори. Издвоивме два рецепти од нашата архива кои се многу слични и едноставни за подготовка. Одберете кој повеќе ви се допаѓа.
РЕЦЕПТ 1 и видео прилог на Драгана Михајловиќ од каналот “Направи Сама – Идеи за креативци” – Ролнички со сирење – најдобри во светот!
Ако се прашувате зошто ги нареков “најдобри во светот”, тоа е затоа што бев воодушевена како излегоа. Меки се како душа, а и сирењето ми се погоди совршено…
Сè на сè, од срце ви препорачувам да ги пробате овие ролнички со сирење и едвај чекам да ги слушнам вашите коментари. Поздрав на сите!
Потребни состојки:
1 пакување готови кори за пита, 400 г сирење, 100 мл млеко, 40 мл масло, ½ кесичка прашок за печиво, сусам за наросување, 3 јајца – се пече на 200 степени околу 20 минути.
Постапка:
Изматете едно јајце со маталка, па додадете 100 мл млеко, 40 мл масло и половина кесичка прашок за печиво. Соединете убаво. За фил изматете едно јајце и додадете околу 400 г крем сирење. Изматете да се соедини. Пробајте дали сирењето е доволно солено, а ако не е, посолете го.
Отворете ги корите и премачкјате го првиот лист. Поклопете со втор лист кора, па и него премачкајте го преку целата површина. Преклопете со третиот лист и едната страна нанесете фил. Потоа свиткајте во ролна. Ролатите редете ги во намастен плех.
Одозгора премачкјате ги со прелив од едно јајце и 2-3 лажици млеко и 1-2 лажици масло. Со остар нож исечете ги ролничките со големина по ваша желба. Одозгора наросете сусам. Ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20-тина минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
РЕЦЕПТ 2 –Ролнички со сирење, брзи и без голема мака. Од сите начини на виткање на кори за пита, овој начин за мене и моите ми е наомилен.
Потребни состојки:
500 г кори за пита, 300 г фета сирење (или некое ситно сирење), 3 јајца, 1 чаша од (200 мл) јогурт, ½ чаша масло, 1 кесичка прашок за печиво, сол по потреба.
Постапка:
Состојките за филот соединете ги во еден подлабок сад и добро измешајте. Земете еден лист кора за пита, превиткајте го едниот агол и спојте го со другиот агол така што да добиете триаголник. Ако не е правилен нема врска (погледни слика).
Триаголникот премачкајте го со фил. Едниот крај преклопете го на едната страна, другиот крај на спротивната страна, повторно премачкајте со фил и свиткајте во ролничка.
Вака свитканите ролнички ставете ги во плех претходно намастен. Редете ги една до друга и со преостанатиот фил премачкјате ги ролничките. Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени додека да заруменат.
Coolinarika.com