Фото и рецепт: Даринка Николиќ – Медено срце.

Ова е најдобриот рецепт за медено срце од сите кои досега ги имам испробано. Го печев во калап 30х25 см, но може да се користи и приближни димензии.

Потребни состојки:

1 ½ чаша (од 200 мл) брашно, 1 чаша шеќер, 1 ½ чаша млеко/или газирана вода за посно), 50 мл масло, 2 лажици џем од кајсии, 1 лажичка сода бикарбона, 1 лажичка цимет, 2 лажици какао во прав

и уште: 6 лажици џем од кајсии + 2 лажици џем од кајсии, 150 г чоколадо за готвење и 4 лажици масло

Постапка:

Брашното, какаото, сода бикарбоната и циметот измешајте ги во еден поголем сад за да се изедначат рамномерно. Во друг сад измешајте газирана вода (или млеко), масло, шеќер и џем, па добро промешајте додека шеќерот да се растопи и да се соединат останатите состојки.

Постепено измешајте ги сувите и влажните состојки па на крај смесата изматете ја со миксер. Половина од добиената смеса излејте ја во намастен и набрашнет калап (30х25 см) и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 10-тина минути колку да фати коричка.

Извадете го колачот и одозгора премачкајте го со 6 лажици џем, па одозгора излејте ја втората половина од смесата. Вратете во рерна да се допече уште 20 минути.
Печениот колач извадете го и премачкјате го во тенок слој со 2 лажици џем и прелијте го со чоколадна глазура.

За глазура: искршете го чоколадодо, додадете масло па растопете го на пареа, многу тивок оган или во микробранова печка. Ова е најдобриот рецепт досега, сочен колач и многу вкусен, не го менувам повеќе.

Фото и рецепт: Даринка Николиќ