Фотографии и рецепт на Весна Когој – Старински кифлички.

“Овие кифлички ги правеше мојата баба, па мојата мајка, а веќе долго време ги правам и јас за моите деца и внуци. Состојките се убава домашна маст, брашно, млеко, квасец и некој џем по вкус.

Уште е потребно шеќер во прав околу 250 г плус 2-3 кесички ванилин шеќер. Јас сите состојки ги мерам со тенџерче/ѓезве од половина литар, бидејќи така ги првеа баба ми и мајка ми.

Ќе видете која количина се добива, па вие доколку сакате можете да ја намалите мерката ако ова ви е многу, но јас секогаш правам толку, бидејќи овие кифлички можат да стојат многу долго и секогаш се еднакво убави”, вели Весна.

Потребни состојки:

1 ѓезве (од 500 мл) преполно, маст
3 ѓезвиња (рамни) меко брашно + уште едно за домесување на тестото
1 прстофат сол
1 ѓезве млеко (1 прст пониско од врвот на ѓезвето)
1 рамна лажица шеќер
1 коцка свеж квасец

За валкање:

250 г шеќер во прав
2-3 кесички ванилин шеќер

Постапка:

Наполнете го ѓезвето преку врв полно со маст и истурете ја во подлабок сад каде ќе го месите тестото. Во истото ѓезве мерете го и брашното: во маста додадете три ѓезвиња (рамни) брашно.

Додадете прстофат сол, па со рацете полеза изгмечете ја маста со брашното додека да добиете текстура слична на тарана. Потоа ставете млеко во ѓезвето, еден прст пониско од врвот.

Направете вдлабнување во тестото, па тука истурете го млекото, додадете една рамна лажица шеќер и издробете една коцка свеж квасец. Оставете 10-тина минути да се активира квасецот.

Потоа полека замесете го тестото додека да се изедначи. На целото тесто (кое излегува меко), додадете уште едно ѓезве брашно и убаво измесете го тестото додека да се изедначи.

Не се остава да стасува. Веднаш се дели на неколку парчиња, се прават валјаци, се сечат мали парчиња и се развлекуваат кори.

Корите се сечат на триаголници, се филуваат со џем по избор и се виткаат кифлички што поситни. Вака витканите кифлички редете ги во плех со мало растојание бидејќи ќе пораснат во екот на печењето.

Претходно пригответе го шеќерот во прав за валкање: измешајте го со ванилиниот шеќер. Печените кифлички веднаш додека се топли валкајте ги богато во шеќерот.

Фотографии и рецепт на Весна Когој