Посен колач со џем од сливи и чоколадо…Се подготвува за 5 минути, а има фантастичен вкус…Рецепт и видео презентација на Нермина од Nerkina kujna – посен колач со џем од сливи и чоколадо.
Овој колач навистина многу брзо се приготвува од состојки кои веќе ги имате дома. Тестото за бисквитот со рака го натапкувате во плехот и го печете само 15 минути.
Комбинацијата од џем од сливи и чоколадо е навистина нешто, што го прави овој колач неодолив.
Потребни состојки:
2,5 шолји (од 200 мл) брашно
1 шолја шеќер
1 шолја масло
2 кафени лажички сода бикарбона
1 лажичка цимет
2 лажици џем од сливи
Постапка:
Во подлабок сад измешајте го брашното и шеќерот, па додајте масло, сода бикарбона, и цимет. Добро соединете ги состојките. Не ви е потребен мискер, мешајте со лажица.
Пред крајот додајте 2 лажици џем и убаво изедначете ја смесата. Треба да добиете ровко тесто (како влажен песок).
Плехот со димензии 20х30 см намастете го со малку масло и посипете го со брашно. Вишокот истресете го. Потоа со рака распоредете ја смесата на дното од плехот.
Убаво и рамномерно распоредете ја смесата, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути.
За тоа време 100 г чоколадо за готвење искршете го на коцки и прелијте го со две лажици масло. На тивок оган растопете го.
Печената кора оставете ја малку да подизлади, па додека е топла премачкајте ја со џем од сливи. Најодзгора рамномерно прелијте ја чоколадната глазура.
Оставете целосно да излади и да се стегне глазурата, па сечете го колачот и сладете се. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.