Рецепт и видео презентација на Валентина Машковиќ – палачинки од шише.

Предноста од приготвувањето на тесто за палачинки во шише е тоа што секогаш можете да направите само онолку колку што ви е потребно, а остатокот да го оставите во фрижидер до следната употреба. На крај само фрлете го шишето и немате валкани садови за миење.

Потребни состојки:

1 пластично шише и инка
200 г брашно
200 мл млеко (или вода, ако немате млеко)
200 мл вода
3 лажици масло
2 јајца (со средна величина)
1 лажица шеќер (за слатки палачинки)
1 рамна лажичка сол (за слатки само прстофат)

Постапка:

Шишето најдобро е да биде од вода или добро измијте го и дезинфицирајте го. Преку инка или тутурутка направена од хартија, ставете го брашното во шишето.

Потоа додадете 400 мл вода (или половина млеко, половина вода), двете јајца, 3 лажици масло, шеќер и сол.

Потоа затворете го шишето и добро протресете го. Кога смесата ќе се изедначи, загрејте ја намастената тава за палачинки, па постепено излевајте од смесата директно од шишето и печете ги палачинките вообичаено.

Палачинките се печат по неколку минути од двете страни. Од оваа количина излегуваат 10 големи палачинки. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.