Што сè може да го наруши здравјето на белите дробови?
Иако се смета дека чадот од цигарите е многу штетен за здравјето на белодробието, сепак, не се наоѓа на врвот од списокот составен од причинители на респираторни проблеми.
Овие причинители можно е сите да ги имаме дома, а поради долготрајна изложеност да предизвикаат проблеми со белите дробови. Прочитајте кои се тии.
МУВЛА
Станува збор за тип на габичка која во воздухот испушта ситни честички – спори, кои доколку ги вдишеме можат да предизвикаат сериозни инфекции на белите дробови, особено ако сте алергични на мувла. Една од опасните болести е KORB. Ако сте чувствителни на мувла, заштитете го својот дом од габички.
РАДОН
Радонот е безбоен и безмирисен гас, кој доколку сте изложени на него во подолг период, може да доведе до сериозни здравствени последици, како пад на имунитетот и алергии, но и многу посериозни заболувања и ризик од воспаление на белите дробови.
Гасот радон слободно се шири речиси во сите куќи, а лесно поминува низ песок и повеќето порозни материјали и низ пукнатините во станбените објекти, пишува WebMD.
ТЕПИСИ
Во теписите многу нешта можат да се сокријат, што може негативно да влијае врз вашите бели дробови. Она што не го знаете е дека веројатно и хемикалиите кои се користат при поставување на теписите, можат да штетат на здравјето на белите дробови.
Ако сте чувствителни, добро ви било да размислите за тоа да поставите паркет или минимално трипати седмично да ги смукате подовите.
ПЕСТИЦИДИ
Овие хемикалии ги држат бубачките подалеку, но доколку имате контакт со нив, ги вдишете или изедете, тие би можеле да предизвикаат проблеми со респираторниот и нервниот систем, со хормоните, видот или кожата.
ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА
Иако се бели и немаат мирис, хемикалијата која се нарекува натриум-азид помага во нивна активација, за да ве заштити при евентуален судир. При нивното активирање тие распрскуваат ситни честички кои би можеле негативно да делуваат врз здравјето на белите дробови.
БРАШНО
Пекарите и сите што често работат со брашно, се случува честопати да го вдишат брашното додека приготвуваат разни печива и леб, а поради тоа би моеле да се појават симптоми како што е отежнато дишење и звук на “свирење” при дишењето.
Ако не се обрати внимание навремено, би можеле да се влошат состојбите како што се астма, но и да предизвикаат сериозни оштетувања на белите дробови.
ОВЛАЖНУВАЧ НА ВОЗДУХОТ
Иако со овлажнување на воздухот се олеснува дишењето, сепак овлажнувачите можат да наштетат на здравјето на белите дробови, бидејќи доколку не се дезинфицираат, често во нив може да се развијат габички кои ќе се распрскаат низ просторијата а потоа ќе се вдишат.
Истиот проблем може да се појави и со користењето на клима уредите. За да избегнете вакви проблеми, потребно е редовно да ги чистите.