Home Рецепти Колач за 10 минути – Ролнички од обланди со кекси и ореви,...

Колач за 10 минути – Ролнички од обланди со кекси и ореви, ситни божиќни колачи кои сите ги сакаме

Рецепт и видео презентација на “Шерпица” – Колач за 10 минути.

Рецепт за крцкави ролнички од обланди со вкусен фил од чоколадо, кекси и ореви. Можат долго да стојат, супер се цврсти така што и на собна температура нема многу да омекнат. За посни колачи користете посни намирници (посен маргарин, растително млеко или сок, посно чоколадо и кекси).

Потребни состојки:

2 листа обланди
100 г шеќер
150 г чоколадо
150 г путер или маргарин
1 лажица рум (не мора)
100 мл млеко
3 лажици мелени ореви
2 лажици мелени кекси
*лажиците полнете ги до врв

За декорација:

50 г чоколадо
1 лажица масло или
шеќер во прав за наросување

Постапка:

Листовите обланда завиткајте ги во влажни кујнски крпи за да омекнат. Оставете ги вака завиткани околу половина час. Дури кога обландите ќе омекнат започнете со подготовката на филот.

<

Сите состојки (путер, шеќер, млеко, рум и чоколадо) освен кексите и оревите ставете ги во тенџере на оган. Мешајте додека смесата да се растопи и да се изедначи. Потоа додадете ги мелените ореви и кексите, па добро промешајте.

Со овој фил премачкјате ги корите од погрубата страна. Секоја лист обланда пресечете го по должина на три еднакви делови, свиткајте ги во ролат и оставете ги да отстојат во фрижидер еден час.

Потоа сечете ги, декорирајте ги и уживајте во одличниот вкус. Поубави се ако се јадат следниот ден. Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ.