Витамин Д треба да се пие како превенција во зимските денови кога немаме доволно сончева светлина, а особено за заболените од вирусот им се препорачува како задолжителен суплемент.
На важноста од овој витамин најмногу укажа професорот д-р Борислав Каменов, доктор по медицински науки од областа на имунологијата и експериментална хематологија, професор на Медицинскиот факултет во Ниш.
Витаминот Д е основниот суплемент кој последниве месеци се препорачува и како превентива, но и кај заболените од koвид 19.
Како што укажа професорот д-р Борислав Каменов, возрасните од 20 до 60 години треба да внесуваат 5.000 единици витамин Д секојдневно, додека постарите од 60 години би требало да пијат 10.000 единици дневно, но секако со консултација на лекар.
Ова се ориентационите количини, а секој човек, па и целосно здравите, би требало да си го проверат нивото на витамин Д во крвта и PTH, хормон на параштитната жлезда која го регулира нивото на витамин Д во крвта.
Сепак, многумина се во дилема кога и како правилно да се консумира овој важен витамин и дали постојат некои правила околу тоа. Различни лекари различно советуваат, па така некои од нив советуваат витаминот Д (во капки) да се консумира со малку млеко во лажичка, а некои велат дека најдобро е да се накапат капките од витамин Д на малку леб и да се соџвакаат…
-Нема потреба ништо посебно да се прави за да се внесе витаминот Д во организмот како што треба: Едноставно накапете во лажичката одредена количина и голтнете. Нема потреба да се става млеко или леб – вели професорот Борислав Каменов и додава:
-Најдобро е витаминот Д да се зема наутро. Значи на лажичка, без додатоци, слободно можете така. Професорот Каменов советува покрај суплементи, витамините да се внесуваат и преку храна, доколку тоа е возможно, но и дека во време на пандемија секако треба да му се помогне на организмот со земање на капки витамин Д.
Само да потсетиме: витамин Д има во маслото од црн дроб на бакалар и други масни риби, потоа во туна, сардини, скуша, бакалар, лосос, морски плодови.
Масните риби и рибините масла обезбедуваат 15-25% од вкупниот внес. Исто така, шитаки печурки, црн дроб, жолчка од јајце обезбедуваат 11-13% од вкупниот внес.