Кога може да се каже дека некој го прележал вирусот… Доц.д-р Ана Банко, вирусолог, објаснува сè околу тестовите и за резултатите од тестирањето на kopoна.
Серолошките тестови можат да покажат дали инфекцијата е сè уште присутна или дали е создаден имунитет после прележаната болест.
За да се утврди дали некој заболел од koвид 19 неопходно е тестирање за што се користи златниот стандард ПЦР тестот.
Но, покрај овој тест во употреба се и серолошки тестови кои исто така укажуваат на индиректно присуство на инфекцијата.
Кога и зошто се прават овие тестови и како можат да се толкуваат резултатите на истите, објаснува доц.д-р Ана Банко, вирусолог од Институтот за микробиологија и имунологија при Медицинскиот Универзитет во Белград.
-Прво би нагласила дека златниот стандард за докажување на акутна SARS-CoV-2 инфекција е PCR, и тоа Real-time PCR. Во однос на останатите достапни тестови, PCR методот има најголема сензитивност и специфичност.
Тоа значи дека на овој начин се докажуваат и многу ниски концентрации на вирусот и тоа само за докажување на присуство на овој вирус, а не на некои други слични на него.
PCR се прави од земени брисеви од назофаринкс и/или орофаринкс и се докажува присуство на вирусна RNK, генетски материјал на вирусот – вели д-р Ана Банко.
Во кои слуачи се прават серолошки тестови на IgA, IgM антитела, а во кои на IgG антитела?
Употребата на серолошки тестови за докажување на антивирусни антитела, е индиректен показател на вирусна инфекција.
Значи, на овој начин се докажува реакцијата на здрав имунолошки систем кој на вирусна инфекција синтетизира специфични антитела. Затоа овие тестови се прават преку крв и со нив не го докажуваме самиот вирус.
Постојат различни класи на антитела, пред сè врз основа на тоа кога се синтетизирале и колку долго се присутни во организмот, па така можеме да го “реконстуираме” времето од примарниот контакт со вирусот.
Со оглед на тоа што во рутинската пракса на вирусолошката дијагностика се користат и дополнителни серолошки методи во однос на оние на кои се наведени овде и дека инфекциите можат да бидат акутни, хронични, прележани или пак доживотни, толкувањето на серолошките резултати секогаш не е толку едноставно и бара стручно познавање.
Ако ги поедноставиме работите, IgM (и IgA) се показатели на акутна инфекција. Овие антитела први се создаваат, но кратко траат. Во случај на SARS-CoV-2, IgM антителата ќе се создадат во тек на примарна акутна инфекција после контактот со вирусот.
Потребен е доволен период за да може организмот да го препознае присуството на вирусот и да започне со создавање на мерлива количина антитела, па IgM антителата не можат да се докажат во првите денови од инфекцијата.
Во овие денови, единствен избор за докажување на koвид 19 е само PCR. Најголемата веројатност за докажување на IgM антитела би била во втората недела од почеткот на инфекцијата. После тоа мерливата количина на овие антитела опаѓа а кај помал број пациенти може да се докаже и во третата недела.
Значи, докажувањето на присуство IgM и/или IgA антитела за цел има да потврди акутна инфекција, но не на самиот почеток туку после неколку денови, тогаш кога присуството на вирусот може да се докаже со PCR, но и во краток период по завршетокот на акутната фаза од болеста, кога PCR станува негативен. Тоа е периодот во кој би го истакнала значењето на овој тест.
Значењето од докажувањето на IgG антитела по правило е потврда на стара, односно прележана инфекција. IgG антителата се создаваат после почетокот на создавањето на IgM класата, но траат многу подолго.
Нивното докажување главно е можно од третата недела од почеткот на инфекцијата, додека нивното траење се мери во месеци. Во случај на SARS-CoV-2 кај голем број луѓе за жал IgG антителата траат само 4 до 6 месеци.
Се покажало дека пациенти со потешки облици на koвид 19 создаваат поголема количина на антитела, и дека мерливата количина т.е. титарот на овие антитела трае подолго.
Во овие количини се наоѓаат и т.н.неутрализирачки антитела, оние кои имаат клучна улога во елиминација на вирусот. Поради тоа, претпоставуваме дека губитокот на IgG антителата може да укажува и на губиток на имунитет од koвид 19, освен ако имунитетот не се потпира на некои други елементи, како Т мемориски лимфоцити.
Значи најзначајната примена со докажувањето на IgG антителата би била докажување на прележана SARS-CoV-2 инфекција.
Дали се прават и тестови SARS Covid-2 IgM+IgA или IgM+IgG? И што тие покажуваат?
Тестовите кои ги покажуваат вкупните антитела може да бидат т.н.брзи тестови засновани на имунохроматографија, но може да бидат и методи ЕЛИСА или сродни на неа. Докажувањето на вкупните антитела може да укажува и на акутна, но и на прележана инфекција, па затоа, на позитивниот резултат од овој тест мора понатаму да се спроведе специфична вирусолошка и/или серотолошка дијагностика ако сакаме да го утврдиме статусот на инфекцијата.
Брзите серолошки тестови за докажување на антитела, од сите погоре споменатите, имаат најмала сензитивност и специфичност, па во значителен број од овие тестови не можеме да се потпреме со сигурност во нивните резултати.
Што значи кога некој ќе добие резултати кои покажуваат присуство на антитела и IgM и IgG? Што значи кога тестот покажал далеку поголемо присуство на IgG во однос на IgM антитела?
Во случај на истовремено присуство на IgM и IgG антитела, говориме за почеток на т.н. сероконверзија, што значи дека акутната инфекција се завршува, IgM антителата опаѓаат а IgG антителата започнуваат да се создаваат.
Далеку поголемо присуство на IgG антитела во однос на IgM е добар показател за имунолошки одговор на инфекцијата, а претставува, повторно, само момент од крајот на акутната инфекција кога видливата количина на IgM антитела се губи.
Дали во тој случај присуството на IgM антитела говори дека лицето и натаму е заразно доколку IgG антителата се далеку побројни?
Само со PCR тест можеме да утврдиме дали лицето е заразно, односно дали и натаму постои присуство на вирус во респираторниот тракт. Сепак, присуството на IgG во најголем број случаи укажува на крај на инфекцијата и кај овие пациенти не очекуваме излачување на вирусот, ниту дека ова лице е заразно за околината. Постојат исклучоци, но тие се ретки и главно поврзани за специфична примарна болест на пациентот, како што се различни имуносупресивни состојби.
Што значи ако некој добие резултати од тест кои покажуваат дека IgM антителата се присутни во далеку поголем број од IgGантителата?
Тоа значи акутна инфекција, главно период од нејзината втора или трета недела.
Кога лицето може да се каже дека го прележало coвид 19?
Во однос на серолошките показатели, тоа се лицата кои имаат присуство на IgG антитела, а немаат присуство на IgM антитела. Ова би можело да важи и за оние кои имале па ги изгубиле анти-SARS-CoV-2 IgG антителата. Сепак, тоа не значи дека сите тие не можат повторно да бидат инфицирани и не смеат да се опуштаат.