Фото и рецепт: Верица Николиќ – Суви пиперки полнети со семки.

Многуе здраво и многу е вкусно, проверете…

Потребни состојки:

10 суви пиперки за полнење
1 страк праз
2 моркови
1 помал корен од пашканат
1 помал корен магдонос
200 г корен од целер
1 ќитка магдонос
50 г сирово зрно киноа
50 г сирови семки сончоглед
50 г сурови семки тиква
150 г ориз
1 лажица алева пиперка
2 лажици сув растителен зачин
½ лажица мелен црн пипер
150 мл пасиран домат
масло

Постапка:

Зрната киноа добро измијте ги под млаз ладна вода, се додека водата да ставе бистра. Ставете ги во соодветен сад, прелијте ги со 100 мл ладна вода и откако ќе зоврие, намалете ја температурата и варете под капак 15-тина минути. Киноата треба да ја впие целата течност и да биде мека. Тргнете ја од оган и оставете да се олади (или исперете ја под млаз ладна вода за побрзо).

Празот, морковот, коренњата од морков, пашканат и целер исчистете ги, ставете ги во сечко и ситно исечкајте ги. Магдоносот исто така, ситно исечкајте го. Семките од тиква и сончоглед исечкајте ги, така да останат и крупни парчиња.

Оризот добро исперете го под млаз ладна вода. Сувите пиперки прелијте ги со врела вода, притиснете ги со тацна и оставете ги половина час за да омекнат. Потоа добро исцедете ги.

Во соодветен сад ставете масло (мене ми беше потребно 250 мл, а количината зависи од тоа колку зеленчукот ќе впие масло) и ставете да се загрее. Во загреаното масло ставете го исечканиот зеленчук и динстајте на умерена температура додека да омекне, околу 10-тина минути.

Потоа додадете ја киноата, семките од сончоглед и тиква, магдоносот и испасираниот домат (или домашен доматен сос). Зачинете со сув зачин и црн пипер. Добро промешајте и продолжете со динстање во следните 10 минути.

На крај додадете го исечканиот магдонос и оризот. Промешајте и вкусете, па по потреба додадете уште зачини. Тргнете од оган и оставете да се олади.

Пиперките полнете ги со приготвениот фил. Соодветниот сад во кој ќе се пече јадењето намастете го со масло (пиперките прво се готват на рингла, а потоа се запекуваат во рерна). Отворот на секоја пиперка наросете го со брашно, па вака приготвените пиперки редете ги во садот и оставајте растојание помеѓу нив. Остатокот од филот распоредете го помеѓу пиперките.

Прелијте со врела вода, пиперките малку да “ѕиркаат” од водата. Поклопете и гответе на умерена температура додека водата да зоврие. Потоа намалете на потивко и оставете јадењето да се крчка додека да остане сосем малку течност на дното. Потоа пиперките запечете ги во загреана рерна на 200 степени.

Фото и рецепт: Верица Николиќ