Ова е вистинкиот совет за сите оние кои мака мачат со болка во нозете кога нагло се менува времето.

Кога е ладно, дождливо или на повидок е нагла промена на времето, одеднаш започнуваат да ве мачат силни болки во зглобовите, особено во некои стари повреди? Се прашувате зошто е тоа така и каква врска имаат временските пригоди со зглобовите?

Иако сè уште не се познати вистинските причинители за оваа состојба, сепак, се верува дека можните причинители би можеле да бидат:

-голема влажност

-нагли промени на времето

-нискиот воздушен притисок (тогаш зглобовите често отекуваат)

-ниската температура (зглобовите тогаш се уште поболни, бидејќи студот влијае врз “подмачканоста” на зглобовите).

Според студијата спроведена во 2014 година која беше објавена во BMC Musculoskeletal Disorders, дури 67% од лицата кои боледуваат од остеоартритис се чувствителни на промените на времето. Таквите лица почесто патат од другите од болни и вкочанети зглобови.

Можни причини за болни зглобови при промена на времето

-Низок воздушен притисок или нагла промена на притисокот

Течноста која ги подмачкува нашите зглобови (синовијата) е чувствителна на нагли промени на воздушниот притисок. Притоа особено мислиме на пад на притисокот. При намален воздушен притисок синовијалната течност добива помал притисок и може да предизвика отекување и воспалителни процеси во околните ткива и зглобови.

При нагли промени на воздушниот притисок исто така, тетивите, ткивата и мускулите претрпуваат промени, односно се стегаат или шират. Тоа влијае врз зглобовите, кои последично стануваат сензитивни и болни.

-Студ

Кај ниски температури течноста од внатрешноста на вашите зглобови станува густа и помалку подвижна. Поради тоа, тие стануваат крути и нефлексибилни со што се отежнува секое движење. Зглобовите се најболни во време на нагло опаѓање на температурата на воздухот.

-Слаба циркулација на крвта кон нозете

Според мислењето на експертите, за време на постудените денови крвта засилено струи кон виталните органи, како што се срцето и белите дробови. Тоа значи дека е намален дотокот на крв кон екстремитетите и зглобовите. И тоа може да биде едно од објаснувањата за зголемена болност на зглобовите.

-Пасивен стил на живеење (неактивност)

Кога е ладно или има голема влага во воздухот, склони сте да останете дома, не се движите и само седите? Поради недвижење вашите зглобови стануваат крути и нефлексибилни, а со самото тоа и болни.

-Лошо расположение

Студот, а особено дождливите денови делуваат депресивно и како од нас да извлекуваат негативни емоции. Кога сте во една таква емоционална состојба, сте посклони на интензивно чувствување на болка и неугодност.

КАКО ДА СИ ПОМОГНЕТЕ СЕБЕСИ ПРИ АРТРИТИС И БОЛНИ ЗГЛОБОВИ?

Природни решенија за болки во колено прочитајте (Артроза на колено) ОВДЕ.

-Не заборавајте на физичката активност, дури и зима!

Без разлика на вашите години, многу е важно секојдневно да се движите и да сте активни, а тоа важи и во текот на студените денови. Сите истражувања покажуваат дека телесната активност значително ги ублажува болките кај артритис.

Ако надвор паѓа дожд или снег, секогаш можете да останете дома и да вежбате или да извозите домашен статичен велосипед. Студот не е оправдување да се сместите пред ТВ и така да останете цел ден, со евентуална пауза за ручек.

Можете да побарате и некој затворен рекреативен базен и да започнете со рекреативно пливање. Имено, пливањето е одлично за здравјето на зглобовите!

Ако имате болка, а немате оток во коленото, овој природен лек може да ви помогне, прочитајте ОВДЕ.

-Затоплете се пред да излезете и слоевито облечете се.

Ако надвор е многу студено, тогаш затопелете се (носете топли чорапи и ракавици, бидејќи стапалата и рацете се особено осетливи, и секако, облечете се слоевито.

Кога имате физичка активност на отворено, секогаш е добро да можете да соблечете еден слој од облеката кога ќе се загреете. Слоевитото облекување овозможува во секој момент правилно да бидете заштитени.

Рецепти за природни лекови кои помагаат да се обнови ‘рскавицата на зглобовите прочитајте ОВДЕ.

-Јадете храна која ги намалува воспаленијата во вашиот организам.

Доколку патите од болни зглобови, внимавајте на изборот на намирници. Консумирајте противвоспалителна храна – природни намирници како што се свеж зеленчук и овошје богати со нутриенти и антиоксиданти. Зголемете го внесот на лук, кромид, куркума и ѓумбир.

Рецепт од човек кој го излекувал коленото и станал од количката, прочитајте ОВДЕ.

-Овозможете си квалитетен сон во времетраење од 7-8 часа дневно.

Добриот сон е клучен за вашите здрави коски и зглобови. Во текот на ноќта додека цврсто спиете, вашите коски и зглобови се обновуваат со нови клетки. Доколку ви недостига сон, тој процес е спречен. Затоа, овозможете си себеси квалитетен сон од 7-8 часа секој ден.

Рецепт за регенерација на зглобовите прочитајте ОВДЕ.