Рецепт и видео презентација на Gala Food – Бел Облак со јаболка.
Многу вкусен колач кој лесно и брзо се приготвува, но бара внимание при печењето. Имено, секој слој од колачот се пече кратко (2х15 минути), еден врз друг, а само снегот од белки се пече/ суши нешто подолго (1 час).
Потребни состојки: 4 жолчки, 5 лажици шеќер, 100 мл млеко, 100 мл масло
200 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво. За фил: 1 кг излупени и изрендани јаболка, 2 лажици шеќер, 3 лажици гриз, 1 лажичка цимет, 4-5 белки, 10 лажици шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер
Постапка: Одвојте ги жолчките во посебен сад па изматете ги со маталка. Додадете 5 лажици шеќер и соединете. Потоа во смесата додадете 100 мл млеко и 100 мл масло, па повторно промешајте додека да се изедначи.
На крај додадете 200 г брашно и 1 кесичка прашок за печиво. Соединете и смесата излејте ја плех со средна величина, претходно добро намастен и набрашнет. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 15 минути, само на горниот греач.
За фил: Излупените јаболка изрендајте ги и наросете ги со 2 лажици шеќер, 3 лажици гриз и 1 лажичка цимет. Промешајте. Полупечената кора рамномерно филувајте ја со јаболката и па вратете ја повторно во рерна на 200 степени, на горен греач да се допече уште 15 минути.
За тоа време изматете пенасто 5 белки и додадете 10 лажици шеќер и 1 ванилин шеќер. Миксајте додека да се растопи шеќерот. Цврстиот снег од белки рамномерно распоредете го врз печениот колач и израмнете. Колачот вратете го во рерна да се испечат/исушат белките, на 180 степени само 15 минути, а потоа уште 45 минути на 100 степени. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: