Иако голем број симптоми за оваа состојба се општо познати, сепак постојат и такви кои се скриени и неспецифични, а поради кои состојбата би можела ненавремено да биде забележана.
Отечени нозе и зглобови се чест проблем кај многу луѓе. Оваа непријатна состојба обично е предизвикана поради долготрајно стоење или одење, носење неудобни чевли или бременот.
Но, во некои случаи, отечените нозе и зглобови претставуваат црвено знаменце за сериозни здравствени проблеми, кои не треба да се занемаруваат.
Причина за блокирани вени може да бидат кардиоваскуларни болести, тромбоза на длабински вени, болест на бубрезите, пореметување на лимфниот систем, некои лекови кои се користат долговремено и друго.
Постојат некои многу очигледни симптоми за блокирани вени, но и такви кои се скриени, а укажуваат на тоа дека нешто не е во ред со вашиот венски ситем.
ЕДЕМ – Блокираните вени не можат да ја пумпаат водата во телото. Телото ја губи можноста за одржување на рамнотежата на солената вода. Навечер стапалата отекуваат, чорапите оставаат дебели и длабоки траги на кожата. Имате потешкотии да го извадите прстенот. Отекување бо стомакот е знак за бубрење во внатрешните органи.
ТИНИТУС – Благи звуци кои со текот на времето стануваат погласни, ве спречуваат да се концентрирате. Причина за овие звуци е пораст на крвниот притисок во мозочните вени.
НЕСВЕСТИЦА – Болниот се чувствува пијано. Нагла несвестица е знак дека вестибуларниот систен не функционира како што треба.
НЕСОНИЦА – не можете да спиете пред полноќ иако се чувствувате немирно и ви недостига енергија? Причина за ова е хипофизата која не добива доволно крв. Доаѓа до прекин на производството на хормонот за спиење – малотонин.
НЕДОСТИГ НА ИЗДРЖЛИВОСТ – се чувствувате исцрпено. Немате волја за ништо. Сè што сакате е да останете во кревет и да јадете. Тоа се случува кога телото започнува да ја штеди енергијата.
Крвните садови не можат да ја носат потребната исхрана до органите. Затоа телото мора да ги минимизира своите активности за да остане живо.
ПОРЕМЕТУВАЊА ВО ВИДОТ – Пред очи гледате мали “точки” кои леткаат. Тоа се симптоми кои се јавуваат поради крвните садови во окото и се јазен показател за некоја аномалија.
БОЛКА ВО ЗГЛОБОВИ – Кога се менува времето се јавува болка во зглобовите. Наместо да се разбудите одморни и полни со енергија, се чувствувате како да сте имале напад. Се жалите на болки во коските. Причина за тоа е синовијалната течност која почнува да ги губи карактеристиките.