Се смета дека првата ќерка секогаш ќе биде женска верзија на таткото, а еве според експертите од кој родител го наследуваме квалитетот на забите, градбата на телото, бојата на очите.
Експертите се сигурни дека гените функционираат точно по овој принцип.
Децата го наследуваат обликот на носот, областа околу усните, величината на јагодичните коски, аглите на очите и обликот на брадата.
Тоа се клучните подрачја кои се истакнати при препознавање и воочување на лицето, па доколку овие карактерни црти ви се слични со некој од вашите родители, сигурно повеќепати сте слушнале: „Иста си како мајка ти!” или „Фотокопија на татко ти!”.
Мајчините гени обично се 50% од ДНК на детето, а исто така и татковите гени, односно 50%. Меѓутоа, машките гени се поагpесивни од женските, па затоа се поистакнати.
Значи, обично постои 40% од активни женски гени и 60% активни машки гени. Покрај тоа, телото на трудницата го идентификува фетусот како „туѓо тело”.
За да го спаси мајката своето бебе, мора да најде мир со агресивните таткови гени (понекогаш и по цена на сопствените гени).
ПОЛОТ НА БЕБЕТО: Полот на бебето зависи од мажот. Ако мажот во својата фамилија има повеќе сестри, ќе добие ќерки, а колку повеќе има браќа, ќе добие синови. Секако, има исклучоци, но ова е најчестиот случај.
КВАЛИТЕТ НА ЗАБИТЕ: Ако таткото има проблем со забите – и децата ќе имаат исти проблеми. Овде гените се исклучиви – од таткото го наследуваме квалитетот на забите.
ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Ќерките ќе ја повлечат интелигенцијата од двајцата родители, додека синовите ќе бидат интелигентни на мајката. Меѓутоа, само 40% од мајчината интелигенција се наследува, остатокот се добива во текот на животот. Значи работа, работа и само работа врз себеси.
МЕНТАЛНИ БОЛЕСТИ: Со годините, квалитетот на спеpмата се намалува. Поради тоа постарите луѓе може да пренесат мутирани гени врз своите деца. Ова го зголемува ризикот од ментални болести, аутизам, хиперактивност или биполарно пореметување.
Мажот на било која возраст, доколку има коронарна болест, веројатно ќе ја пренесе врз синовите. Ако мажот се боpел со неплодноcт, зачнувањето било вонтелесно, тогаш и синовите веројатно ќе го имаат истиот проблем.
ДЕБЕЛИНА: тежината кај децата ќе зависи исклучиво од мајката. Ако мајката е дебела, ќе бидат и децата. Ако мајката е слаба и децата ќе бидат слаби.
ВИСИНА: На висината повеќе влијаат татковите гени, отколку мајчините. Меѓутоа, постојат две мерења:
Ако имате син, земете ја мајчината висина, додаjте ја татковата, а потоа уште 5 см на тој збир. Поделете го збирот со два и ќе ја добиете висината на вашиот син. Секако, има и отстапки, но ова е генералниот просек.
Ако имате ќерка, на мајчината висина додаjте ја татковата и од збирот одземете 13. Поделете со 2 и ќе ја добиете висината на вашата ќерка.
БОЈА НА ОЧИ: Кафеавата боја на очи е доминантна. Ако еден од родителите има кафеави очи, а другиот сини очи, детето најверојатно ќе има кафеави очи. Не е исклучно детето да добие и светло кафеави очи, иако обата родители се синооки.
ВИТКАНА КОСА: Ако двајцата родители имаат виткана коса – ќе ја има и детето. Ако еден од родителите има виткана коса, а другиот рамна – детето има 50-50 шанси за наследување на рамна или виткана, но можно е да добие брановидна коса.