За почеток подгответе си шолја од 200 мл или малку поголема ако сакате (со една иста шолја се мерат сите состојки). Јас применив еден совет за мафини кога го приготвив овој колач и ми се чини дека има ефект, а тоа е: сувите состојки да ги измешаме одвоено и сите влажни состојки одвоено.
На крај сите се соединуваат, така што влажните се истураат во сувите, полека се меша, не предолго (за да не се “изџвака” премногу), за да може колачот да бише што полесен и пуфкаст.
Суви состојки: 1 шолја гриз, 1 шолја мелени ореви, 4 лажици брашно, 1 шолја шеќер, 1 прашок за печиво, 4-5 кесички ванилин шеќер. Влажни состојки: 2 јајца, 1 шолја млеко, 1 шолја масло, 4 рендани јаболка. За глазура: 100 г чоколадо за готвење, 3 лажици масло
Постапка: Мал совет за јаболката кои сум го добила од поискусни домаќинки: не мора да се рендаат, туку да се сомелат во мултисечко, измиени, со извадени семки, а нелупени (ако не се прскани) – побрзо е, а ништо не пречи.
Значи, ги мешаме сувите состојки, па полека во нив, пред да го печеме колачот ги додаваме влажните, нежно промешуваме и излеваме во намастен и набрашнет плех или калап (за повисок колач се користи помал калап, за понизок – поголем). Се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час, но се испробува со чепкалка – да не се лепи.
За глазура: Чоколадото со маслото растопете го на пареа, а потоа рамномерно прелијте го врз колачот. Исечете го на коцки. Колачот се јаде и топол и ладен. Ако преживее да се олади, повкусен е таков.
Coolinarika.com