Рецепт и видео прилог на Ханумина кујна (Hanumina kuhinja) – Памук кифлички.

Кифлите-ролнички се меки како памук и многу потсетуваат на “бухтле”. Може да се јадат солени или слатки и многу се популарни во американската кујна каде се познати како “soft dinner rolls” или “milk bread rolls”.

Потребни состојки:

500 г брашно, ½ коцка свеж квасец (20 г) или 1 кесичка сув (7 г), 2 лажички сол (10 г), 260 мл топло млеко, 3 лажици шеќер (50 г), 3 лажици млеко во прав (опционо, 40 г), 60 г путер, 1 јајце

Постапка:

Во садот за месење ставете брашно и сол. Млекото загрејте го заедно со путерот. Ако се прегреало оставете го малку да подизлади, да биде млако, па во него растопете го квасецот. Додадете го и шеќерот, млекото во прав и изматеното јајце.

Влажните состојки додадете ги во сувите и замесете доста лепливо тесто. Ваквата конзистенција е важна, за на крај да се добијат вака меки ролнички. Ако тестото го месите машински, тогаш гасете ја машината еднаш или двапати, за да го симнете тестото од страните, за да можат продолжетоците рамномерно да го измесат тестото.

Потоа префрлете го на набрашнета површина и премесете го уште малку. Формирајте топка и ставете ја во намастен сад. Прекријте го со кујнска крпа и ставете го во рерна претходно загреана на мах 30 степени или на друго топло место за да стасува. Потребно му е приближно еден час за да се удвои.

Потоа без да го месите, префрлете го на работната површина. Поделете го тестото на 9 парчиња (или 12 за помали), а од секое парче формирате топче и развлечете го во правоаголна кора (25х20 см) со дебелина од 1-2 мм. Правоаголникот преклопете го од лева кон десна страна кон средината, па свиткајте го во ролат(погледни видео).

Формираните ролнички редете ги на плех со величина 39х24 см и оставете доволно растојание помеѓу нив, бидејќи доста ќе се удвојат.

Прекријте ги со кујнска крпа и оставете ги на топло место да стасуваат 30 минути. Рерната загрејте ја на 175 степени и печете 20-25 минути, додека убаво да заруменат. Доколку премногу ви потемнат, ставете одозгора алу-фолија и продолжете со печењето.

После печењето извадете ги од рерна и премачкјате ги со парче путер. Така додека се ладат уште повеќе ќе омекнат. Ако сепак повеќе сакате крцкави ролнички, тогаш прескокнете го овој чекор. Оставете ги малку да подизладат, па послужете ги. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: