Утре, 27 октомври, го славиме големиот празник Преподобна Параскева (Петка).
Во нејзина чест си спомнуваме на молитви и чуда кои ги направила оваа светителка, како и чуда кои им се случиле на луѓето.
Па така, во црквата Света Петка во скопската населба Црниче, се наоѓа една чудотворна икона која се чува во олтарот на храмот. Иконата многупати ја покажала својата чудотворност: за заздравување на болните деца или за добивање пород на бездетните брачни двојки, откако ќе се помолеле пред неа.
Читател на НМД.мк исто така го раскажа своето искуство:
“Ми се јави во два наврати кога имав пареза фацијалис (блокада на лицето од десна страна). Првиот пат се исплашив во сонот и се разбудив. Мајка ми ми’ кажа да не се плашам туку да мирувам и да слушнам совет. Вториот пат влезе во собата во црна облека, главата не и ја гледав седна наспори мене и ме праша: Што мака имаш? Јас и кажав и ме посеоветува да одам на исцелистелни води и да се мијам. Уследија неколку средби со свети лица насон кои ми кажаа каде да се мијам и Св. Недела Битола ме покани да се измијам. Па еве изминаа 50 и некоја година добар сум, но не ја заборавив таа средба и таа психичка состојба полусон . Изминаа многу години но неизбришлива е средбата со Св.Преподобна Петка како дознавам нејзиното тело е во Јаши Румунија.” – раскажува Петар Поповски.
“Бев на работ на смртта, сите ме отпишаа. Во тој момент, сакав само да оздравам, а знаев дека тоа не може да се случи освен со помош на Бога“ – раскажува Миодраг Тодоровиќ од Белград.
“Бидејќи бев во многу лоша состојба, посакав да добијам вода од Света Петка. Таа ноќ додека бев во шок собата, лекарите ми рекоа дека веројатноста да умрам е 99%, само еден 1% ми дадоа дека ќе преживеам.
Беше 10 часот навечер, а јас сето време размислував за тоа кога ќе дојде некој да му кажам што ми е потребно. Дојде докторот после некое време, ме праша дали може нешто да ми донесе, нешто што ми е потребно и му побарав вода од Света Петка.
Ми рече: „Добро, ќе ти донесам утре“, на што јас го замолив тоа да го направи вечерта. „Инаку имав сепса и беше прашање на време кога ќе умрам. Утрото, кога брат ми ми донесе вода помислив: „Сакам да ја испијам оваа вода па нека умрам“.
Другиот ден ми беше подобро и состојбата почна да ми се поправа. Во меѓувреме искрено се молев.
“Кога ми беше најтешко ми се појави Света Петка” – раскажува жена болна од карцином на дојка.
“Се надевам дека Бог ќе ми помогне…” Не ми беше добро. Се онесвестив. Кога си дојдов на себеси, не знаев кое време е во денот, ниту што се случило. Знам само дека над мене стоеја моите деца кои плачеа. Ме довикуваа.
Едвај станав…ги прегрнав и ги милував по лиценцата. “Ох, нема Бог да ве остави без мајка”. Си легнавме сите заедно… Размислував за сè. Долго не можев да заспијам. Не знам дали беше сон или јаве, само знам дека над мојот кревет стоеше една жена во црно. Жена која ми беше многу позната…
Во левата рака држеше крст со некоја билка, а во десната ланец со крст, изработен како бројаница која се носи на рака. Се потргнав… не можев да верувам. О, Боже дали јас тоа ја гледам Света Петка? Дали е ова јаве или сон?
Ми го галеше лицето, моите деца… ме бакна во главата, а потоа се наведна и околу мојот врат ми го стави оној ланец со крст што го држеше во десната рака…говорејќи ми нешто тивко, но едвај ги слушнав овие зборови:
“Не грижи се сине, нема ти од тоа да умреш…не ти давам да ги оставиш децата”. Ме бакна и си отиде. Се потргнав и сфатив дека ова беше сон. Ја сонував Света Петка. После неколку денови повторно отидов на лекар. Ми направија уште уште некои тестирања, но овојпат наодот беше чист, ништо немаше. Во себе проговорив: “Ти благодарам Света Петко, ти благодарам мајко моја”.
На враќање поминав од црква и запалив свеќа. На свештеникот му го раскажав сонот кој ми рече да си ја славам мојата слава, ама Света Петка да ја прославам.”